25.12.2007
Читателски поглед кон првата книга за Ubuntu Linux на македонски јазик
За една книга да постигне успех, најважно е да ги исполни очекувањата на читателите. Од книга каква што е „Ubuntu Linux“ која неодамна излезе од печат на македонски јазик, може да се очекува многу, со оглед на тоа што се работи за прв официјален пишан материјал кој ја третира оваа област, а и е достапен на широката македонска читателска публика.