Флеш
Награда на Светскиот самит за Македонија
11.12.2008
Започнува изборот на кандидати за Наградата на Светскиот самит 2009 за Македонија
Наградата на Светскиот самит (World Summit Award – WSA) е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации во Женева. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините.