Мени

Резултати од конкурсот за отворање нови дигитални клубови

Во рамките на конкурсот за отворање нови дигитални клубови кој Метаморфозис го распиша на 12 февруари оваа година, Фондацијата објавува дека грантови во вид на компјутерска опрема ќе бидат доделени на следните проекти:

  • Еколошко друштво „Здравец“ – Македонска Каменица, ДК Саса
  • НВО Милениум – Тетово, ДК Слатина 

Овие проекти грантовите ги добиваат за отворање нови дигитални клубови во рамките на проектот Дигитални клубови.

Проектите беа одбрани врз основа на условите кои беа пропишани со конкурсот и кои тие требаше да ги исполнат, како и врз основа на квалитетот на понудениот проект и проценетиот капацитет на организацијата за негово спроведување.
Компјутерите коишто ќе бидат доделени се со следната конфигурација:

  • Процесор: Sempron P4, 2,6 GHz
  • RАМ Меморија: 512 МБ
  • Хард диск: 80 ГБ
  • Монитор: 17’’ Flat CRT
  • DVD/RW Rom
  • Mouse, Keyboard
  • LAN Card

Проектот Дигитални клубови има за цел надминување на дигиталниот јаз меѓу руралните и урбаните средини преку овозможување на пристап до информациските и комуникациските технологии (ИКТ) на населението во средини каде тие немаат можност да дојдат во контакт со ИКТ (не постојат интернет клубови, компјутерски училишта или било какви други центри кои на населението му овозможуваат пристап до ИКТ по пониски цени или бесплатно).

Поврзани натписи