Мени
Програма Европа за граѓаните

ACTA – Активни граѓани преземаат акција

UntitledПроектот ги обединува граѓаните активни во младинските организации и невладините организации активни на интернет од различни европски земји за да дискутираат за авторските права, пиратеријата и приватноста на интернет, ефективноста и етиката на движењето Anonymous; да го анализираат учеството на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки за ACTA на национално и европско ниво, да истражуваат и да дознаат како да влијаат на националните парламенти и на Европскиот парламент во однос на политиките и законодавството.

Сакаме да поттикнеме акција, дебатирање и размислување за учеството на европските граѓани и демократијата, со анализирање на ACTA и сродни прашања. Клучни начела на проектот ќе бидат поттикнување интеракција меѓу граѓаните и граѓанските организации од сите земји-учеснички, дискусии, размена на мислења и претставување на мислењето на граѓаните и резултатите од проектот пред релевантните носители на одлуки на локално, национално и на ниво на ЕУ.

Проектот е амбициозен и се стреми да им овозможи на граѓаните да играат целосна улога во демократскиот живот на ЕУ. За да се постигнат горенаведените цели ќе се организираат два меѓународни настани (секој со повеќе од 120 учесници од 7 земји и 14 партнерски организации); едниот во ноември во Крањска гора/Љубљана, а другиот во март во Марибор, најмалку 10 јавни дебати во различни средини и земји; специјална повеќејазична веб-локација и други алатки за комуникација преку интернет; прирачник со презентациите и трудовите за ACTA и ДВД со видео материјал.

Од една страна, проектните активности се стремат да им овозможат на учесниците да практикуваат европско граѓанство и да станат активни граѓани во нивната околина, нудејќи им знаење, информации и вештини за организирање, спроведување и учествување во разни видови јавни дискусии и други акции на интернет, а од друга страна ќе им се обезбеди знаење и разбирање на стратегиите за граѓанско учество, комуникацијата со носителите на одлуки, важноста, контроверзноста, дилемите околу прашањата поврзани со ACTA и потребата од изнаоѓање решение прифатливо за граѓаните, владите и корпорациите.

Untitled1

Проектот е поддржан од Европската Унија, Програма Европа за граѓаните, Акција 2 – Активно граѓанско општество во Европа, Мерка 3 – Поддршка на проекти иницирани од граѓански организации. Водечки партнер е Za in proti, zavod za kulturo dialoga од Словенија, www.zainproti.com.

Партнери 

-       од Словенија INEPA – Inštitut za elektronsko participacijo, www.inepa.si, Studio 12, www.studio12.si, Dobrodelni klub Leo klub Murska Sobota, Društvo uporabnikov Linuxa Slovenija, http://www.lugos.si; Klub evropskih študentov; Zavod za študentske kulturne dejavnosti študentske organizacije, www.kiberpipa.org;

-       од Хрватска: Splitska debatna unija in HERMES – Hrvatska edukacijska i razvojna mreža za evolucijo  sporazumevanja, www.facebook.com/HERMES.CommuniAction;
-       од Португалија: Sociedade de Debates da Universidade do Porto, www.sdd.up.pt;
-       од Македонија: Metamorphosis, Foundation for Internet and Society,www.metamorphosis.org.mk;
-       од Романија: ARDOR Muntenia;
-       од Литванија: Educational Debate Centre, http://www.debate.lt;
-       од Латвија: Riga Student Association, http://www.sserigads.com

Назад кон Друштвени медиуми

Поврзани натписи