На денешната прес-конференција, 122 граѓански организации под мотото „Мора да го заштитиме граѓанското општество во Македонија“ побараа поддршка од граѓаните, од институциите и од сегашната и од идната влада поради нападите врз граѓанското општество во последниот период.

 

Почитувани,

Ние, долу потпишаните граѓански организации, од цела Македонија, се обраќаме на јавноста во овие тешки времиња кога слободата на граѓанинот и граѓанското општество се под закана, за да ги зашитиме јавниот интерес и интересите на граѓаните. Со ова обраќање сакаме да потсетиме на потребата од заштита, зачувување и унапредување на граѓанското општество, наспроти заканите кон него, но и да ги отфрлиме неоснованите напади и лаги на кои е изложено.

Нападот на граѓанските органнизации не е само пропагандна вест за која се слуша по медиуми. Тоа е напад на граѓанското општество, на честа, достоинството и угледот на граѓани кои тука се родени, живеат, работат, плаќаат даноци, а своите работа и ангажман, професионално или волонтерски, ги посветиле на подобрување на животите на сите граѓани во државава поеднакво.

Во овие моменти треба да ни е јасно дека нападот врз граѓанското општество е напад врз најмоќната алатка на граѓаните со која тие, во периодот меѓу два изборни циклуси, имаат можност да ја контролираат и корегираат власта. Никој не треба да се плаши од корегирање на власта, напротив од тоа добиваат и граѓаните, и партиите, и властите. Граѓаните добиваат поквалитетен живот и поуслужни институции, а партиите и властите добиваат поголема доверба кај граѓаните.

Граѓанскиот сектор како важен чинител во општеството беше постојан коректив на сите власти од осамостојувањето на нашата Македонија до денес и страшна е помислата во кој правец може да оди државата доколку овој нејзин столб биде загрозен и ослабен.

Граѓанскиот сектор во Македонија го создадоа граѓаните, како резултат на одлуката од 1991 година за независна, плурална, секуларна и демократска држава. Граѓанските (невладините) организации се создаваа и растеа заедно со сите успеси и падови на ова наше заедничко општество, а водилка во нивното дејствување беше одбрана на правата и интересите на различните индивидуи, групи или заедници. Како резултат на овој искрен граѓански ангажман многу работи беа сменети во корист на граѓаните, а многу штетни политики беа спречени или ублажени.

Цврсто верувајќи во вистинските вредности на демократијата, во моќта на гласот на поединцеот и во вредноста на различните мислења, ги отфрламе и ги сметаме за неточни и тенденциозни обвинувањата за организациите од поширокиот граѓански сектор во Македонија со кои тие се етикетираат како „деструктивни инсталации, платеници и банди”. Целосно се неточни, погрешни и лажни вестите пласирани во јавност дека граѓанскиот сектор го контролира некаков „центар на моќ”. Не постои „центар на моќ“ кај граѓанските организации, зашто во концептот и идејата на граѓанското општество, единствената моќ ја имаат граѓаните. Дополнително, фактите од истражувањата за финансирањето на граѓанскиот сектор на Македонија говорат дека граѓанскиот сектор е поддржан од повеќе различни домашни и меѓународни институции, организации, компании и донатори, при што не постои доминантен донатор или поддржувач. Меѓу најсилните поддржувачи, секако се стратешките партнери на Република Македонија, а тоа се Европската Унија и САД.

За отчетноста и транспарентноста на организациите од граѓанскиот сектор говорат нивните годишни финансиски и наративни извештаи, организациските и проектните ревизии кои отсекогаш биле јавно достапни, како и редовното и темелно комуницирање со јавноста и граѓаните. Граѓанските организации редовно и навремено ги исполнуваат своите обврски кон државата и се залагаат за добро и транспарентно управување во сите сфери на општеството.

Оттука, оркестрираните државни контроли на финансиското работење на десетици организации во ист временски период остава впечаток на тенденциозно и намерно вршење притисок, предизвикување страв и нанесување штета врз слободниот граѓанскиот сектор.

Почитувани претставници на политичките партии во Република Македонија,
почитувани претставници на Владата на Република Македонија,
почитувани претставници на идната Влада на Република Македонија,
почитувани преставници на институциите на Република Македонија,
почитувани граѓани,

Во име на Уставот на Република Македонија, во име на уставно гарантираната слобода на граѓаните да се здружуваат заради остварување на своите права и уверувања и во име на неприкосновеното право на секој граѓанин да го искаже својот глас и да не биде обележан и осуден за тоа,

ве повикуваме да ги поддржите организациите, групите, заедниците и индивидуите кои активно се залагаат за демократските вредности во Република Македонија, да застанете во заштита и одбрана на граѓанскиот сектор кој 25 години дејствува како контролор и поддржувач на работата на институциите и да го одбраните граѓанското општество кое се залага за почитување на човековите права и слободи.

Поддршката на граѓанскиот сектор значи и поддршка на граѓаните – носителите на суверенитетот на Република Македонија.

Поддршката е нужна бидејќи граѓанскиот сектор е еден од трите столба на општеството, заедно со јавниот (државен, институционален) и приватниот (бизнис) сектор. Граѓанското општество е збир на индивидуи – како што сме сите ние, групи – како на пример земјоделците, заедници – како етничките или еснафските групи, движења – како на пример студентското движење и организации – во кои различни граѓани се здружиле. Сите ние го сочинуваме граѓанското општество и имаме улога различна од онаа на државата и бизнисите. Нашата улога е да ги претставуваме и да бидеме гласот и двигателот на интересите на граѓаните, особено кога тие се загрозени. Нашата задача е да бараме подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, да притискаме за домаќинско и одговорно работење на државата. Наша задача е и да го одбраниме овој наш граѓански сектор во овие моменти кога е видно загрозен.

Одбраната на граѓанскиот сектор значи одбрана на соживотот на граѓаните со различни етнички припадности, одбрана на заложбите за повисок животен стандард, одбрана на борбата против корупцијата, одбрана на праведното судење, одбрана на слободата јавно да го кажеме она што го мислиме, одбрана на еднаквиот третман во болниците, одбрана на образованието во кое никој нема да биде дискриминиран, одбрана на солидарноста и помошта што ја пружаме кон или примаме од нашите сограѓани.

Сега мораме да го заштитиме граѓанското општество во Македонија!

 

Организации кои поддржаа обраќање на домашна јавност

1. Агро – Баница, Баница
2. Агросојуз, Василево
3. Агрострумешница, Дабиле
4. Акција плус, Ресен
5. Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка – АГТИС
6. Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар
7. Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ – Скопје
8. Балкански форум за безбедност – Скопје
9. Банка за храна Македонија
10. Визио, Кичево
11. Визија – Центар за научна фантастика на Македонија
12. Граѓанска асоцијација МОСТ
13. Еко Герила, Тетово
14. ЕГ Грин Пауер – Велес
15. Еколошко друштво Дешат, Дебар
16. Еколошко Друштво ЛИПА – Куманово
17. Еколошко друштво Планетум, Струмица
18. Еколошко Друштво Вила Зора
19. Евротинк – Центар за европски стратегии
20. Заедница на еко-активисти Скопје Смог Аларм
21. Заедница на Црногорците на Република Македонија
22. Здружение Bald Eagle-Haliaeetus Leucocephalus, Струмица
23. Здружение Глобал – Битола
24. Здружение Женски Форум Тетово
25. Здружение зa ДЕМOКРАТИЈА, ДЕБАТА, ДИЈАЛОГ, ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА – ПЛАН 4Д Скoпје
26. Здружение за економско-политички истражувања и анализи КВАНТУМ ПРИМА Кавадарци
27. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
28. Здружението за заштита на граѓанските права Но Пасаран Скопје
29. Здружение за заштита на културниот идентитет на Египќаните ИЗИДА 41/21 Ресен
30. Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“
31. Здружение за култура и уметност „Сцена“, Струмица
32. Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин
33. Здружение за развој и активизам „Аква“, Стругa
34. Здружението за развој на младите ФАКТОР Кичево
35. Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник –
Прилеп
36. Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ,Скопје
37. Здружение за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска, Скопје
38. Здружение на граѓани БИСТРА, Ростуше
39. Здружение на граѓани „Вратете насмевка“, Велес
40. Здружение на граѓани Есперанца Светски Културен Центар Скопје
41. Здружение на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон – Македонија
42. Здружение на граѓани „Младите можат“
43. Здружение на граѓани „Новус“, Струмица
44. Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за
развој и инклузија на заедниците„ – Скопје ИРИЗ
45. Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк.- Скопје
46. Здружение на граѓани Радика Де – Дебар
47. Здружение на жени СИРМА, Куманово
48. Здружение на резервни воени обврзници учесници во вооружените дејствија при одбрана на
суверенитетот на Р.М (ЗУВО на Р.М )
49. Здржение Про-Медиа Скопје
50. Здружение „РОМА С.О.С.“ – Прилеп
51. Здружение Рурална коалиција Куманово
52. Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
53. Здружение Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Пехчево
54. Избор, Струмица
55. Здружение на текстилни и кожарски работници тивкото мнозинство – Гласно, Штип
56. Институт за човекови права
57. Интернет хотлајн провајдер Македонија
58. Информативен Центар на Заедницата – Куманово
59. Коалиција за оддржлив развој – КОР, Скопје
60. Коалиција „Сексуални и здравствни права на маргинализираните заедници“- Скопје
61. Контрапункт – асоцијација за развој на критичка теорија, социо-културен активизам и
современи културни практики
62. Криејтивејт (Cre8ive8) – Скопје
63. Културен институт БЛЕСОК
64. KХАМ, Делчево
65. Локомотива- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
66. Македонска платфрома против сиромаштија (МППС)
67. Младински Културен Центар, Битола
68. Младински образовен форум
69. Младински сојуз – Крушево
70. Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингејл“, Куманово
71. Национален младински совет на Македонија (НМСМ)
72. Национален совет за родова рамноправност
73. НВО Инфоцентар
74. НВО УФУК
75. НВО Центар за Демократски Развој и Иницијатива (ЦДРИМ)
76. НВО Член 16
77. Ние сме Карпош 4
78. “Нисма“ Институт за слободна мисла, Скопје
79. Организација за локален економски развој и мултикултурализам – ЕДНАКВИ
80. Организација на жените „Кумановка“, Куманово
81. Организација на жените на Пехчево – ОЖП
82. Организација на жени, Струмица
83. Пактис, Прилеп
84. Патокази, Гевгелија
85. Плоштад Слобода
86. Прва детска амбасада во светот Меѓаши
87. Прогрес Институт, Скопје
88. ПРОФИЦИО – мултиетничка толеранција преку економски просперитет
89. ПРОЕКТ-ЕУ, Кавадарци
90. Реактор – истражување во акција
91. Регионален центар за одржлив развој, Кратово
92. Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија, Скопје
93. Ромски културен и едукативен центар Тернипе МК Делчево
94. Синдикат на македонската дипломатска служба (СМДС)
95. Сојуз на синдикати на земјоделски производители, регион Струмица
96. Транспарентност Македонија
97. Турското здружение YENI YILDIZ
98. Унија за култура на Власите од Македонија
99. Факултет за работи што не се учат
100. Фондација Метаморфозис
101. Фондација Отворено општество – Македонија
102. Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ Македонија
103. Фондација Фокус, Велес
104. Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Скопј
105. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
106. ХЕРА –Асоцијација за здравствена едукација и истражување
107. Хелтгрупер – Скопје
108. Хуманитарно и добротворно здружение на ромската интелигенција – Англунипе, Тетово
109. Хуманитарно и добротворно здружение на ромите „Месечина“ – Кичево
110. Центар за едукација и развој-ЦЕД
111. Центар за интеграција – Амбрела, Скопје
112. Центарот за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“
113. Центар за меѓуетничка толеранција и бегалци Скопје
114. Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар
115. Центар за развој на заедницата Кичево
116. Центар за развој на Ромската заедница „Баирска Светлина“-Битола
117. Центар за развој на медиуми – Скопје
118. Центар за управување со промени (ЦУП)
119. Центар за современи уметности
120. Центар за човекови права и разрешување конфликти
121. Цивил – центар за слобода
122. ЏЕФ Македонија

Сподели: