eriderВо просториите на Фондацијата „Метаморфозис“ на 12.07.2006 г. започна обука за еРајдерство во склоп на консултантските услуги кои фонадацијата ги нуди на Центарот за институнационален развој (ЦИРа) за проектот „НВОи користат информатичка технологија во подобрување на влијанијата на нивните заедници“. Обуката ќе трае до 14.07.2006 г.

Проектот е имплементиран од ЦИРа со финансиска поддршка од Фондацијата „е-Македонија“ и е со времетраење од 4 месеци, а ќе бидат опфатени 10 организации од општина Скопје.

На обуката ќе учествуваат 5 еРајдери селектирани од ЦИРа, на која ќе се запознаат со методологијата за еРајдерство, креирање на ИКТ стратегија за секоја огранизација и имплементирање на истата.

Обуката ќе ја води еРајдерот на „Метаморфозис“, Јорданка Петрушевска.

Сподели: