Мени

Најава за настан: Тркалезна маса „Приватноста во Македонија“, 4 јуни

Настанот ќе се одржи во Скопје во просториите на Стопанска комора на Македонија на ул. Димитрие Чуповски бр. 13 од 10  до 12 часот.

Цел на тркалезната маса е овозможување јавен простор за разгледување на тековните состојби со приватноста во Македонија, особено во контекст на електронските комуникации, при што ќе бидат поканети претставници на сите заинтересирани страни: релевантните министерства и други владини тела, независните регулаторни тела, стручни лица, традиционални и нови медиуми, како и претставници на приватниот и граѓанскиот сектор.

Агендата на тркалезната маса ќе опфати:

1. Воведни излагања од страна на:

  • г. Тито Петковски, пратеник и претседател на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собрание на РМ (потврдено учество)
  • Претставник на Министерството за транспорт и врски на РМ
  • г-а Валентина Димковска, Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (потврдено учество)
  • д-р Јован Јовчески, Универзитет Американски колеџ, Скопје (потврдено учество)
  • г. Филип Стојановски, Фондацијата Метаморфозис (потврдено учество)

2. Отворена дискусија

 

На тркалезната маса ќе биде презентиран извештајот на Метаморфозис за состојбите со приватноста на Интернет во Македонија во текот на 2009 година, како и ставот во врска со неодамна предложените измени на Законот за електронски комуникации.

Влезот на трибината е слободен, при што од логистички причини е пожелно учесниците да го најават своето присуство преку е-пошта на info@metamorphosis.org.mk или преку настанот на Фејсбук.

Трибината е организирана во рамки на проектот Иницијатива за приватност на интернет поддржан од ФИООМ и Мрежната програма на Институтот отворено општество.