vodiciВодичот има нов дизајн, испечатен е во две бои, на 16 страници, во вкупно 1800 примероци. 1200 примероци беа испечатени на македонски јазик, додека останатите 600 се на албански. Истите се наменети за делење на родителите и наставниците во училиштата каде што се одржуваат едукативни презентации на оваа тема, како и во други училишта, институции и организации кои би имале корист од него.

Двата водичи, како и сите досега издадени публикации во рамките на овој проект, се достапни за преземање од веб-сајтот на проектот, и тоа во верзија на македонски јазик и верзија на албански. Содржините на водичите во дигитална форма се објавени под Криејтив комонс лиценцата Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.5 Македонија.

Водичот е издаден во рамките на проектот „Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет“ кој го спроведува фондацијата Метаморфозис и кој ќе заврши до крајот на овој месец.

Сподели: