Работата на ГС се состоеше од две компоненти. Првата се фокусираше на административни прашања, како што се извештаите за работата во текот на претходната година и членството, додека во втората компонента имаше осврт на релевантни прашања од областа на човековите права, особено прашања поврзани со приватноста, на Европско ниво, како и активности на ЕДРИ во тој поглед.

Пред да се одржи Генералното Собрание, ЕДРИ имаше 25 членови од 16 земји. Претставници на 18 организации од 13 земји учествуваа на настанот, и беа примени апликациите за членство на три нови членови – АНСОЛ (ANSOL) од Португалија, Пангеа (Pangea) од Каталонија, Шпанија, и Европската канцеларија на ЕЕФ (EEF) со седиште во Белгија – зголемувајќи го бројот на членови на ЕДРИ на 28 од 17 земји, вклучувајќи три членови на Здружението за прогресивни комуникации – АПЦ (APC ): Грин нет (GreenNet), Метамофозис и Пангеа.

Годинешното ГС ги одобри извештаите за напредокот на работата поднесени од Одборот, во кои се нагласува важноста и продолжувањето на ЕДРИ-грам, билтен за дигиталните граѓански права во Европа кој излегува на две недели. Делегатите едногласно му дадоа поддршка на Одборот кој моментално е на средина од двегодишниот мандат.

Претседателот на Одборот – Мерием Марзуки се наврати на некои од најзначајните активности на ЕДРИ во периодот меѓу двете ГС, кои беа насочени кон унапредувањето на човековите права и зголемувањето на вклученоста на граѓанското општество во донесувањето на одлуки.
Во тие активности спаѓа и учеството во иницијативи на меѓународни органи, вклучувајќи ја и Конференцијата за компјутерски криминал на Советот на Европа, работилницата за Нанотехнологии и Безбедност, ко-организирана од Генералниот Директорат за Истражување при Европската Комисија (оддел за нанотехнологија). ЕДРИ исто така планираше учество во настани организирани од Советот на Европа, УНИЦЕФ, ОЕЦД и др.

ЕДРИ обезбеди поддршка за повеќе национални и регионални иницијативи, како на пр. правното дејство на Дигитални права – Ирска против Директивата за задржување на податоци, иницијативата против Задржување на податоци од членот на Здружението за прогресивни комуникации – Џимбонет (Jimbonet) од Јужна Кореја, како и иницијативата “Да го задржиме јадрото неутрално” на групата – Правда во интелектуалната сопственост.
 
ЕДРИ исто така учествуваше во заедничката изјава до Светската Организација за Интелектуална Сопственост (WIPO) во врска со Спогодбата за Радиодифузија, организираше дискусија на конференцијата Компјутери, слобода и приватност – 2006 со претставникот од ОБСЕ за слобода на медиумите во Вашингтон, ја прими наградата Czech Big Brother, и учествуваше во меѓународната конференција е-Општество.Мк во Македонија, со што се обезбеди присуство и во Југоисточниот Европски регион.  

Како следно на агендата на ЕДРИ се јавуваат граѓанските активности и проекти за заштита на човековите права кои се темелат на претходна анализа извршена од страна на истражувачки тимови и работни групи во следниве области: филтрирање на содржини од полето на Интернет и телекомуникации, приватност на платни системи, задржување на податоци и биометрика.

Покрај работната агенда, ГС, кое се одржа во прекрасната Њутинкинг стор (Newthinking Store), им овозможи на претставниците да се запознаат подобро, надополнувајќи ја веќе постоечката соработка преку интернет со интеракција лице-в-лице.

Извор: Блогот на АПЦ, 13.09.2007. 

Сподели: