Мени

Конференција за слободен софтвер во локалната самоуправа

На 15.5.2007 година во хотелот Холидеј Ин во организација на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС ќе се одржи конференција посветена на слободниот софтвер и неговата употреба во локалната самоуправа.

На конференцијата преку конкретни примери и позитивни искуства ќе се претстават предностите на слободниот софтвер особено за локалната самоуправа. Главна цел на конференцијата е да придонесе за подигање на свеста за слободниот софтвер пред се кај оние кои се директно вклучени во изработка на национални стратегии.

На конференцијата со свое излагање на тема Потреба за применети политики за слободен софтвер во Македонија ќе има и Филип Стојановски, програмски координатор во Фондацијата Метаморфозис.