• енкрипција на податоци
  • користење софтвер за анонимно сурфање
  • заштита на приватноста на децата на интернет
  • прилагодување на поставките за приватност на Фејсбук

Модератори на работилниците ќе бидат претставници од Метаморфозис и од Слободен софтвер Македонија, за секоја тема соодветно.

Имено, на штандот за заштита на приватноста на децата на интернет, посетителите ќе имаат можност да се информираат за начините и средствата на кои можат да ги заштитат своите деца на интернет, да дознаат повеќе за ризиците, како и да добијат совети на оваа тема.

На штандот за прилагодување на поставките за приватност на Фејсбук, заинтересираните ќе можат да дознаат нешто повеќе околу стандардните и прилагодените поставки за приватност на нивните Фејсбук профили, да добијат совети и веднаш да интервенираат во поставките со помош на модераторот.

На другиот штанд корисниците ќе можат доброволно да се приклучуваат на отворена wifi мрежа, каде што ќе биде јасно истакнато дека сите лични податоци се собираат. Ова ќе овозможи учесниците практично да го видат ризикот од поврзување на небезбедна мрежа, како и да се информираат како да го избегнат изложувањето на нивните лични податоци.

Конференцијата „Слобода и приватност на интернет“ во чиј склоп ќе се одржат овие работилници, е дел од долгогодишниот проект за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија, поддржана од мрежата Франција-Балкан.

Сподели: