Мени

АКТИОН Вишеград СЕЕ: Се одржа финалната конференција на тема „Патот кон доброто владеење“

meta-101„Патот кон доборото владеење“ беше темата на финалната конференција во рамки на проектот „АКТИОН Вишеград СЕЕ“ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоиточна Европа, која се одржа вчера во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

Еден од заклучоци на конференцијата беше дека транспарентноста и отчетноста, како и користењето на новите технологии на властите во регионот се клучни за примена на принципите на доброто владеење, а со тоа и подобрување на квалитетот на животот.

Проектот е поддржан од Вишеградскиот фонд и од Германската амбасада во Скопје, поради што на отворањето на конференцијата учествуваа амбасадорите на Германија и на Полска, како земја претседавач со Вишеградската група.

meta-75Во својот говор при отворањето на конференцијата, директорот на Фондацијата „Метаморфозис“ Бардил Јашари, посочи дека не можеме да придонесеме кон квалитетот на животот ако не постои отвореност и одговорност, како и владеење на правото.

– Важно е за нас, како организација, да најдеме начин како граѓанскиот сектор да придонесе за доброто владеење. Преку овој проект, со помош на технологијата може да се пронајдат начини да се бара одговорност и добро владеење. Ние, како граѓански организации, можеме да придонесеме да се поправи недовербата што граѓаните ја имаат кон власта, а таа во последно време е на многу високо ниво – смета Јашари.

meta-29Јацек Мултановски, амбасадорот на Полска во Македонија, рече дека граѓанските организации се чувар на демократските вредности, на владеењето на правото и на човековите права.

– Концептот на Европската Унија во последно време е под знак прашалник, владее големо незадоволство, а проекти како овој можат да придонесат за зајакнување на довербата. Технологиите се добра можност за ширење дезинформации и лажни вести, но, исто така, тие можат да помогнат за барање одговорност од политичарите. А без одговорност, не може да се очекуваат демократски процеси – вели Мултановски.

meta-55Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, смета дека борбата за зачувување на граѓанското општество, демократизацијата и владеењето на правото, како и борбата против корупцијата се многу важни. Таа додаде дека овие цели е тешко да се постигнат, но дека вреди да се проба.

Во рамки на конференцијата беше презентиран план за развој на доброто владеење во регионот со наслов „Патот кон добро владеење“. Планот посочува дека меѓу најголемите предизвици во Западниот Балкан за имплементација на принципите на доброто владеење, е недостигот на политичка волја да им се овозможи на граѓаните лесна и енодставна комуникација со властите во процесот на донесување одлуки. Предизвик претставуваат и неефективната борба со корупцијата, нетранспарентноста и неотчетноста.

meta-96Проектот АКТИОН Вишеград СЕЕ беше имплементиран од страна на Фондацијата „Метаморфозис“ со уште седум партнерски граѓански организации од Вишеградската група и Западниот Балкан: Атлатзо од Унгарија, Фондацијата „Епанство“ од Полска, Коховолит од Чешка, Фондацијата „Понтис“ од Словачка, Центарот за демократска транзиција од Црна Гора, граѓанското здружение „Зашто Не?“ од Босна и Херцеговина и Центарот за истражување, транспарентност и отчетност, ЦРТА од Србија.

meta-129Претставници на сите осум партнери учествуваа во конференцијата и имаа свои излагања во рамки на двете панел дискусии на тема: „Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот“ и „Достапност на податоци и истражувања за добрто владеење“.