2 trgnuvaat 1

На 16 октомври, граѓански активисти од фондацијата Метаморфозис и коалицијата „Граѓани за Македонија“ се маскираа како „големите уши и окото”, исмевајќи го скандалот со прислушувањето во Македонија. Тие симболично ги прислушуваа критички настроените медиуми и граѓански организации, коишто ја критикуваат владата и владејачката партија.

3 trgnuvaat 3

Акцијата започна пред зградата на Владата и пред седиштето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а активистите ја симулираа „работата“ на „големите уши и окото“. Целта на акцијата беше да се прикаже преку пародија како владините институции незаконски следеле повеќе од 20.000 граѓани, меѓу кои и стотици новинари и активисти на граѓанското општество, како што беше откриено со политичките „бомби“ објавени од опозицијата.

centar 3

Од Владата, “големите уши и око” се упатија кон зградата на општина Центар, зградата на делегацијата на ЕУ, Хелсиншкиот комитет за човекови права, неделникот „Фокус“, како и пред фондацијата Метаморфозис, новинската агенција Мета и „Порталб“.

portalb meta 3

Сето ова беше дел од иницијативата „Слобода наместо страв“, во знак на поддршка на слободата на изразување, наспроти надзорот. Иницијативата „Слобода наместо страв – Меѓународни денови за акција” е присутна во Македонија од 2008 година. Оваа година, коалицијата „Граѓаните за Македонија” исто така се приклучи како партнер.

 

Сподели: