Мени

Анализа на домени и политики на приватност на македонските веб-сајтови рецензирани во рубриката „Веб-сајт на денот“

 

prisustvo-na-p.p.-kaj-63-veb-sajtovi

Политика на приватност (П.П.) е документ, страница или дел од страница на веб-сајтот со која се објаснува на кој начин администраторите постапуваат со личните податоци на посетителите. П.П. е одраз на постоењето свест за законските ограничувања и обврски во оваа област, како и на тоа дали во рамките на фирмата/организацијата се воспоставени работни процедури со кои се гарантира заштита.

63-veb-sajtovi-pretstaveni-po-domen

Голем број македонски сајтови не го користат доменот .mk, па затоа податоците за присуството на политика на приватност кај 63 сајтови од примерокот се претставени според доменот:

Домен Бр.  на сајтови Имаат П.П. Процент
.mk 42 12  29%
Други домени 21 14%
Вкупно 63 15   24%

15-veb-sajtovi-so-p.p.-pretstaveni-po-domen

Изборот на веб-сајтови за примерокот не е воден според тоа дали имаат или немаат политика на приватност, но поради ограничениот број вклучени сајтови, тој не може да се смета за статистички репрезентативен за сите македонски сајтови. Рецензираните веб-сајтови се избрани заради некое својство: квалитет, оригиналност на идеја, популарност и сл. и како такви се препорачани за публиката на весникот Време, како и на посетителите на овој блог.

Подетален приказ по домени до второ ниво е даден во следната табела.

Домен Бр. на сајтови Имаат П.П.
.org.mk 2 1
.org 2    0
.net 3    0
.com.mk 21    4
.blogspot.com 3 0
.com 12    2
.mk 17    7
.se 1
in.mk 1    0
edu.mk 1 0
Вкупно 63 15

Од 63 македонски веб-сајтови, само 15 имаат политика на приватност, или изразено во проценти, тоа се 23.8% од сите македонски рецензирани веб-сајтови за избраниот период. Најголем број од рецензиите се за веб-сајтови кои имаат домен com.mk (21) односно 33.33 % од сите. Потоа следуваат сајтовите со домен .mk (17) – 26.9% и сајтовите со домен .com (12) – 19%.

prikaz-po-domeni-do-vtoro-nivo

Листа на рецензирани македонски веб-сајтови во периодот април 2008 – февруари 2010 година со П.П.:

Твоја музика рецензија во „Веб-сајт на денот Патувај Заедно рецензија во „Веб-сајт на денот“
Терминологија рецензија во „Веб-сајт на денот“ Doma.com.mk рецензија во „Веб-сајт на денот“
Mladiinfo рецензија во „Веб-сајт на денот“ Step.mk рецензија во „Веб-сајт на денот“

Купи.сè
 

рецензија во „Веб-сајт на денот“ ping.mk рецензија во „Веб-сајт на денот“
Ибид рецензија во „Веб-сајт на денот“ FlowerShop рецензија во „Веб-сајт на денот“
ДеБагирај рецензија во „Веб-сајт на денот“ Трговски центар рецензија во „Веб-сајт на денот“
ГВГ Миднајт рецензија во „Веб-сајт на денот“ ParkNOW рецензија во „Веб-сајт на денот“
Одговори рецензија во „Веб-сајт на денот“
забелешка: некои од рецензираните веб-сајтови, во меѓувреме станале неактивни