Грантови за стратешка поддршка (ГСП)

Проектот на УСАИД за Граѓанско учество во Македонија ги поканува граѓанските организации (ГО) во Македонија да аплицираат за Грантови за стратешка поддршка (ГСП).

ПГУ е петгодишна програма финансирана од УСАИД која придонесува за постигнување на две цели: (1) зајакнување на конструктивниот ангажман на граѓанските организации за политиките и прашањата од јавен интерес; и (2) зголемување и подржување на ангажираноста на младите во јавниот живот во Македонија. ПГУ е имплементиран од Ист Вест Менаџмент Институт, Инк. (ИВМИ) во партнерство со четири локални ГО: Метаморфозис, Фондација за интернет и општество (Метаморфозис), Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ), Фондација за отворено општество – Македонија (ФООМ) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). ГСП се управуваат од Метаморфозис.

Целта на овој круг на ГСП е да ги поддржат иницијативите на ГО, вклучувајќи ги и тинк-тенковите, кои ги опфаќаат следните приоритетни области:

  • Поддршка за одржливи градови и заедници. Ова ги вклучува и иницијативите кои ги трансформираат и прават градови и заедници повеќе инклузивни, побезбедни, еластични и одржливи; опфаќајќи ја врската помеѓу квалитетот на животот во градовите и начинот на управување на градовите со природните ресурси; обезбедување решенија за забрзана побарувачка за основни услуги, инфраструктура, работни места, земјиште и прифатливо сместување, без занемарување на урбаните сиромашни заедници кои живеат во неформални населби;
  • Поддршка на компонентата за издржливост на заедницата во Националната стратегија на Владата на Република Македонија за борба против насилниот екстремизам (БПНЕ). Ова ги вклучува иницијативите кои ја зајакнуваат социјалната кохезија на заедниците со поголем ризик од доживување на религијата и етничката радикализација;
  • Промовирање и поддршка на социјалното претприемништво и социјалните претпријатија. Ова вклучува иницијативи кои се фокусираат на вклучување на потребите на маргинализираните и ранливите групи преку комбинирање на социјалните иновации и општествената одговорност.

ГПУ ќе додели до 7 (седум) грантови кои произлегуваат од оваа БзА. Максималниот износ на грантот е 90.000 УСД за проект кој може да трае не помалку од 24 (дваесет и четири) и до 27 (дваесет и седум) месеци. ГПУ го задржува правото да финансира било која или ниту една од поднесените апликации.

За да го преземете целосното барање за апликација, формуларот за апликација и буџетскиот образец за Грантови за стратешка поддршка, следете ги линковите подолу:

ПОЈАСНУВАЊАТА ВО ВРСКА СО БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ТУКА

Алтернативно, обратете се до Координаторот за грантови на Метаморфозис, г-ѓа Елена Трифуновска, на elenat@metamorphosis.org.mk за пакет за аплицирање.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИ: 14:00, 22 октомври 2018

Сподели: