Мени

Барање за апликации – Грантови за граѓански организации

actionsee_logo_horizontalACTION SEE – Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа објавува:

Барање за апликации

Грантови за граѓански организации

ACTION SEE го објавува ова барање за апликации за да обезбеди поддршка за граѓански организации и да ги промовира доброто владеење и владеење на правото преку грантова шема која ќе додели околу 25-30 мали грантови за граѓански организации од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово (5-6 грантови по земја). Ќе бидат доделени два типа грантови, варирајќи од 6000 EUR до 8000 EUR по грант:

  1. Поддршка за локални граѓански организации при спроведување иницијативи во рамките на една земја.
  2. Поддршка за граѓански организации при спроведување иницијативи меѓу две или повеќе земји од регионот.

Ќе се обезбеди поддршка за таргетирани кампањи за застапување и иницијативи за политики кои ќе придонесат кон постигнување на следниве генерални цели на ACTION SEE:

  • Подобрување на вклученоста на граѓанското општество и медиумските организации во создавањето на јавното мислење, создавањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки;
  • Зголемување на капацитетите на граѓанското општество за да ги гради своите целни групи и да адресира општествено важни прашања.

Од иницијативите поддржани од Малата грантова шема се очекува да се фокусираат на адресирање прашања во врска со владеењето на правото и доброто владеење, особено поврзани со антикорупција, транспарентност и пристап до информации, заштита на податоци и користење на јавни средства во следниве таргетирани области:

  • Акт за слободен пристап до јавни информации (Слобода на информирање – СНИ)
  • Финансирање на политички партии
  • Корумпирани практики за јавни набавки
  • Поткуп
  • Приватност и безбедност
  • Подароци/спонзорство
  • Важни работи поврзани со избори
  • Злоупотреба на службена должност
  • Кронизам
  • Друго

Грантовите примарно ќе таргетираат помали граѓански организации за да им се овозможи учење и помош при градењето на нивните капацитети за собирање средства и следователно да учествуваат на повици за грантови објавени од ЕУ и други донатори. Понатаму, потребно ќе биде да се склучи партнерство со најмалку еден медиум.

Целосниот повик како и формуларите за аплицирање се достапни на следниве линкови:

Рокот за поднесување на комплетирани апликации е до 15 јануари 2017 година до 16:00 часот, исклучиво преку онлајн формуларот за аплицирање. Формуларите за аплицирање мора да бидат пополнети на англиски јазик.

Оние апликанти кои ќе имаат потреба од појаснување или дополнителни информации за повикот, можат да се обратат на actionsee@metamorphosis.org.mk пред 20 декември 2016, за да добијат одговор пред да истече рокот.

Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, Вестминстер Фондација за Демократија, CRTA – Центар за истражување, транспарентност и отчетност, Здружение на граѓани Why not?, Центар за демократска транзиција, Open Data Kosovo (ODK) и Levizja Mjaft!.

 site-zaedno flag_yellow_low
 Проектот Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа – ACTION SEE е спроведуван од Фондацијата Метаморфозис, Вестминстер Фондација за Демократија, CRTA – Центар за истражување, транспарентност и отчетност, Здружение на граѓани Why not?, Центар за демократска транзиција, Open Data Kosovo (ODK) и Levizja Mjaft!. Овој проект е финансиран од Европската Унија