Проектот на УСАИД за граѓанско учество во Македонија ги поканува граѓанските организации во Македонија да аплицираат за грантови за стратешка поддршка.

Проектот за граѓанско учество е петгодишна програма финансирана од УСАИД која придонесува да се постигнат две цели: (1) зајакнато влијание на граѓанските организации врз политики и програми поврзани со приоритетни прашања од интерес на граѓаните; и (2) зголемено и одржано младинско учество во јавниот живот во Македонија. Проектот се спроведува од страна на Ист Вест Менаџмент Институт (East West Management Institute- EWMI) во партнерство со четири локални граѓански организации: Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“, Асоцијација за демократски иницијативи (ADI), Фондација отворено општество-Македонија (ФООМ), и Национален младински совет на Македонија (НМСМ). Грантовите за стратешка поддршка ќе бидат управувани од Метаморфозис.

Целта на овие грантови е да се поддржат граѓанските организации, вклучително и тинк-тенк организациите, кои работат во следниве приоритетни области:

  • Добро владеење
  • Локален економски развој
  • Животна средина
  • Развој на заедницата
    1. Граѓанско учество/вклучување на заедницата
    2. Учество на граѓаните во планирањето и оценувањето јавни услуги

Со проектот се планира да се доделат до 8 (осум) грантови поврзани со ова барање за апликации. Максималната сума за еден предлог изнесува 120.000 американски долари со кои треба да се покријат активности кои може да траат до 3 (три) години, но не помалку од 30 (триесет) месеци.

Подетално, преку ова барање за апликации ќе се поддржат следниве илустративни активности кои спаѓаат под горенаведените приоритетни области:

  1. Воспоставување иновативни механизми за добивање фидбек од граѓаните во врска со нивната перцепција за и доверба во јавните институции на централно и локално ниво;
  2. Придонес кон подобрување на јавните услуги преку зајакнување или воведување механизми за учество на јавноста и развој на заедницата, создавање долгорочни решенија за приоритетните прашања кои се од интерес за граѓаните;
  3. Зголемување на граѓанското учество преку развој на заедницата и активности за разубавување.
  4. Поддршка при унапредување и развој на стручни и неформални едукативни програми кои водат кон наоѓање работа за младите и ранливите групи, вклучително и сираци, жртви на семејно насилство, лица со инвалидитет, етнички малцинства, припадници на ЛГБТИ заедницата; и
  5. Поддршка на развојот и спроведувањето ефективни закони, регулативи и државни програми во горенаведените приоритетни области.

За да ги преземете формуларот за аплицирање и формуларот за буџет, кликнете на врските подолу или пишете ѝ на г-а Ќендреса Сулејмани на qendresa@metamorphosis.org.mk.

РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ Е 31 ОКТОМВРИ 2017, 16:00 ЧАСОТ

Документи за преземање:

  1. Оглас RFA CEP SSG 02 (.pdf)
  2. Барање за апликации(RFA) # CEP-SSG-02 (.pdf)
  3. Формулар за аплицирање (.docx)
  4. Формулар за буџет (.xlsx)
  5. Список со ставки за штиклирање RFA CEP SSG 02 (.docx)

 

ПОЈАСНУВАЊАТА ВО ВРСКА СО БАРАЊЕТО ЗА АПЛИКАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ ОВДЕ

Сподели: