snap3

Фондацијата „Метаморфозис“ објавува:

Барање за апликации

За поддршка на акциите на граѓанското општество во рамките на проектот „Отчетност преку граѓански ангажман“ спроведуван со финансиска помош од Британската амбасада

Проектот ќе овозможи поддршка за граѓанските организации за борба против проблемите поврзани со отчетноста, транспарентноста и социјалната кохезија, и ќе го промовира доброто владеење со тоа што ќе додели околу 10 мали грантови на граѓански организации во Македонија (варирајќи од 2000 до 5000 фунти).

Овие грантови ќе поддржат иницијативи кои имаат за цел да го зголемат јавното знаење и надзорот врз работата на јавните институции, како и врз граѓанските акции кои ги адресираат/промовираат вредностите на заедницата поврзани со владеењето на правото, доброто владеење и социјалната кохезија.

Апликантите мора да се обврзат на соработка со други граѓански организации, граѓански групи и разни чинители во нивните заедници. Родовата еднаквост и етничката различност треба да бидат промовирани од страна на апликантите во нивните проектни активности.

Овие грантови треба да придонесат кон постигнување на генералните цели на проектот:

  • Подобрување на инволвираноста на граѓанското општество во креирањето на јавното мислење, создавањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки;
  • Зголемување на капацитетите на граѓанското општество за надградување на својата област за справување со проблеми поврзани со отчетноста, транспарентноста и социјалната кохезија.

Приоритетни области за интервенирање:

  • Медиумска писменост
  • Јавни услуги на локално ниво
  • Проекти за подобрување на јавното здравје на маргинализираните групи
  • Отчетност и јавни финансии
  • Владеење на правото и правдата
  • Зајакнување на одржливоста на граѓанските организации
  • Заштита на животната средина
  • Интеграција на младите
  • Социјална кохезија

Целосниот опис на повикот, како и формуларите за апликација се достапни на следниве линкови.

Апликациите треба да бидат пратени исклучиво по електронска пошта на info@metamorphosis.org.mk, a рокот за поднесување на целосните апликации е до 24 октомври 2016 година, до 16:00 часот. Формуларите за апликација може да бидат пополнети на македонски или на албански јазик.

Оние апликанти кои ќе имаат потреба од појаснување или дополнителни информации за конкурсот, можат да пратат мејл на info@metamorphosis.org.mk пред 14 октомври 2016 година, за да добијат одговор на време пред да истече финалниот рок.


 

Преземете го списокот на добитници на грантови (.pdf)

Сподели: