Мени

Брејнсторминг сесија за националниот task force за информатичко општество

На 3 и 4 декември 2004г. во Клубот на пратеници ќе се одржи брејнсторминг (brainstorming) сесијата за националниот task force за информатичко општество со цел да се даде суштински инпут за националната политика за информатико општество, ИКТ стратегијата и акциониот план.

Brainstorming сесијата ќе биде базирана на принцип на стратешко размислување и градење на визија за ICT како поттикнувач на економскиот развој на Македонија и јакнење на процесот на изградба на економија/општество базирано на знаење. Овој дводневен настан треба да резултира со изработка на првиот нацрт верзија на Стратегијата и Акциониот план. Brainstorming сесијата предвидува работа во групи и фокусирање на теми дефинирани од работните групи.

Сесијата ќе ја водат г. Ивар Тало и г. Арво От, со помош на г. Виктор Поцајт и г. Милан Кукрика.