Малезиската влада ја загрозува слободата на изразување проширувајќи го Законот за противдржавно делување (1948) и зголемувајќи ја неговата примена. Во изминатите две години, зголемената примена на овој закон резултираше со зачестено малтретирање и кривично гонење на владините претставници, опозициските политичари и медиумите.

Меѓу обвинетите за противдржавно делување е и малезискиот политички карикатурист Зулкифли Анвар Хак, познат под името „Зунар“.

malaysia_zunar_ifexgm_jasontanner_erikapineros__468__468malaysia_zunar_cartoon_fb__468

По објавувањето на твитовите и карикатурата во февруари 2015 година, Зунар во моментов се соочува со затворска казна од 43 години ако биде прогласен за виновен по девет точки од обвинението за противдржавно делување.

Зунар беше уапсен на 10 февруари годинава за твитови со кои наводно го напаѓа судството поради судењето на лидерот на опозицијата и поранешен вицепремиер, Анвар Ибрахим.

„Лакеите во црни наметки се гордеат со оваа казна. Веројатно ќе бидат богато наградени од нивните политички господари“, напиша Зунар во еден од неговите твитови.

Во последниве години, сатиричарот и неговите соработници беа постојано изложени на малтретирање и истрага од полицијата. Во периодот меѓу 2009 и 2010 година, министерот за внатрешни работи на Малезија забрани пет книги на Зунар, тврдејќи дека се штетни за јавниот ред. Во септември 2010 година, Зунар беше уапсен и притворен поради објавување на книгата наречена „Фобија од карикатури“.

Во ноември 2014 година, лицата поврзани со продажбата на книгите со карикатури на Зунар беа уапсени и сослушани согласно законите за противдржавно делување, а системот за наплата преку интернет и управување со финансиските трансакции на неговата веб-локација беше принуден да објави информации за луѓето што ги купувале неговите книги.

Во моментов Зунар е ослободен со кауција, но неговото судење започнува на 20 мај, 2015 година во малезиски суд.

Ние, членовите и партнери на IFEX – глобалната мрежа за одбрана на слободата на изразување – сме сериозно загрижени поради зголемената примена и моќ на Законот за противдржавно делување (1948) во Малезија во текот на изминатите 12 месеци, вклучувајќи ги и деветте точки од обвинението против „Зунар“ за противдржавно делување.

Го повикуваме премиерот на Малезија, Дато Шри Наџи Мохамед Наџиб бин Тун Хаџи Абдул Разак да ги повлече сите обвиненија против Зунар и против сите други лица обвинети за противдржавно делување и да даде јавна изјава со којашто ќе ја потврди заложбата дадена во неговата изборна кампања од 2012 година за укинување на Законот за противдржавно делување.

Повеќе информации за случајот на веб-локацијата на IFEX

Сподели: