Мени

Деветта меѓународна конференција е-Општество: Mлади и медиуми

Деветтата меѓународна конференција „е-Општество“ на тема „Млади и медиуми“ ќе се одржи на7 и 8 февруари 2014 година, во Младинскиот културен центар во Скопје, Македонија.

е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција во организација на фондацијатаМетаморфозис и Младинскиот образовен форум (МОФ) која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата.  Конференцијата е отворен, креативен и интерактивен простор што нуди информации и овозможува дискусија, разни активности и вмрежување. е-Општество: Млади и медиуми ги предизвикува традиционалните гледишта на младите и медиумите и има цел да понуди знаење и инспирација за сите учесници.

Водечки експерти и активисти од 14 земји се структурата на е-Општество: Млади и медиуми: 20 говорници, 10 интерактивни работилници, 2 панел дискусии со 10 гости, 4 филмски проекции и 5 реномирани ДЈи овозможуваат дводневна агенда за секој млад човек, активист, новинар и граѓанин. На конференцијата ќе се претстават и резултатите од неколкумесечното истражување за младите и медиумите во 11 земји од Југоисточна Европа. Кликнете овде за да ја преземете агендата за конференцијата.

—————————————-


Тематски сегменти на конференцијата: 
Млади, приватност и углед //Berkman Center for Internet and Society [US], SHARE Defense [SR], Safer Internet Centre [BG]

Медиуми под водство на млади //European Youth Press [BE/DE], MladiINFO [MK], Youth Press Association [BiH], Radio Student [SL], Televizija Student [HR], Radio MOF [MK], Kanal 103 [MK], Izlez [MK]

Писменоста на младите и квалитетот на информациите //Еuropean Association for Viewers Interests [BE], Македонски институт за медиуми [MK], No Hate Speech Movement – Council of Europe [TBD],Media Education Centre [SR], Film i Halland [SE], Фондација Метаморфозис [MK]

Активизам во дигитални медиуми // Erkan Saka [TR], Global Voices Online [SR], Vice [TBD], StreetPress [FR], ZastoNe [BiH], Balkan Investigative Reporting Network (BIRN) [MK], Apps for Good [UK], Радио Слободна Европа [MK], European Youth Forum [TBD]

Музика, Визуелизација, Движење // Александер Ковалски [GER], CK13 Youth Center [SR]

Youth and Media Digital Night //Александер Ковалски [Германија], Петар Дундов [Хрватска], Спиди [Србија], Горан Кан [Македонија], Виктор Апостолски [Македонија]

Филмски проекции //Riot From Wrong [UK], Sav Taj Folk / All That Folk [SR], 103 – A Love Letter To The Alternative Culture [MK], The Majority Starts Here – BIRN SEE_YM_logo_final_CMYK