Мени

Дигитален клуб и во село Брвеница

На 4 мај свечено беше отворен клуб и во село Брвеница, Tетовско. На свеченоста присуствувале и градоначалникот на општина Брвеница, Насув Синани, директорот на основното училиште во селото, претставници на советот на општина Брвеница и се разбира голем број младинци и ученици од општината.

Клубот е отворен секој ден од 14:00 до 21:00 часот и работи по однапред изготвена програма. Тука се одржуваат бесплатни курсеви за ворд, ексел, пауер поинт, интернет, а исто така се одржуваат и курсеви за англиски јазик со помош на компјутерите во клубот.

Селото Брвеница има 4000 жители, а во него има и основно училиште во кое учат 650 деца. Клубот се наоѓа во непосредна близина на училиштето, веднаш до општинската зграда.

Дигиталниот клуб Дебреше е отворен во рамките на проектот Дигитални клубови спроведен и поддржан од Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Институт отворено општество Македонија.

Целта на проектот е надминување на дигиталниот јаз преку отворање на вакви клубови во средини каде не постојат интернет клубови или слични места во кои населението би имало контакт со компјутерската технологија.