Мени

Доделени грантови за граѓански организации

Грантови за имплементација на проекти во времетраење до шест месеци добија вкупно 18 граѓански организации од шест држави, и тоа од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина, кои во наредниот период ќе адресираат горливи прашања од локален и од национален карактер за да се унапредат доброто владеење и владеењето на правото.

Грантовите се наменети за локални граѓански организации, а се доделени во рамки на проектот  ACTION SEE Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ во партнерство со „Вестминстер фондација за демократија“ (Westminster Foundation for Democracy) од Велика Британија, Центар за истражувања, транспарентност и за отчетност (CRTA Center for Research, Transparency and Accountability) од Србија, Граѓанска асоцијација „Зошто не?“ (Citizens Association Why not?) од Босна и Херцеговина, Центар за демократска транзиција (Center for Democratic Transition) од Црна Гора, „Опен дата – Косово“ (Open Data Kosovo – ODK)  и Движење „Доста!“ (Levizja Mjaft!) од Албанија, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Добитници на грантовите се:

Македонија

  • Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ – Проектот „Јавни информации достапни за лицата со попреченост“ цели да го оцени, евалуира и да го подобри тековното ниво на пристап за лицата со попреченост до општинските веб-страници во Северо-источниот Регион во Македонија.
  • Институт за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) – Проектот „Будно око – Платформа за мониторинг на употребата на јавни средства во средното образование во Македонија“ има цел да го подобри надзорот и пристапот до информации поврзани со употребата на јавни стредства во финансирањето на средното образование во Македонија.
  • „Профицио“ – Проектот „Во центарот на вниманието: Надминување на злоупотреба на службената дејност во Македонија“ има цел да придонесе кон воведување на практични механизми за поставување и за институционализирање на високи стандарди за етичко однесување, добро владеење и за избраните вршители на јавни функции, јавни службеници и општата јавност преку лобирање и застапување во Македонија.
  • „Заеднички вредности“ – Целта на проектот „Комисии за меѓуетнички односи и етничките заедници“ е да ги зајакне меѓуетничките односи и институциите на системот во земјата, за да се зајакне демократијата во Македонија и да се забрза процесот за пристап во ЕУ.

Црна Гора

  • Институт „Алтернатива“ – Проектот „Доверливи набавки: Подалеку од вид, подалеку од ум“ цели да ја подобри транспарентноста и отчетноста при јавните набавки, а со тоа и јавните трошења во Црна Гора.
  • „35мм“ – Проектот „Праведност, а не пристрасност – Искоренување на кронизмот!“ има цел да се оформи мрежа на граѓански организации, медиуми и на индивидуи против кронизмот кои ќе имаат проактивна улога во искоренувањето на кронизмот на локално и на национално ниво, а воедно и подигнување на јавната свест и отворање на јавен дијалог за кронизмот и за вработувањето во јавната администрација базирано на партиска поврзаност.
  • Волонтерска иницијатива – Подгорица – Главна цел на проектот „Транспарентни училишта, подобро образование“ е да се истражи и да се подобри нивото на транспарентност на средните училишта во Црна Гора, како и да се истражи и да се подобри нивото на објавени информации на веб-страниците на овие училишта според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  • Мониторинг група – Улцињ (МОГУЛ) – Проектот „Транспарентност за отчетност“ има цел да ги вклучи новинарите и медиумите, како и граѓаните, за тие да влијаат и да го зголемат нивото на транспарентност на јавните институции и на административните тела.

Албанија

  • Европска младинска асоцијација – Проектот „Пристап до информации, јавна кампања против неформалност и практики на корупција“ цели да ја тестира транспарентноста и отчетноста на јавните институции кон широката јавност, со посебен фокус на младите претприемачи.
  • „Нова визија 2016“ – Проектот „Слобода на информации преку мултимедија“ цели да ја подобри слободата на говор во Албанија преку промовирање на Законот за право на информации, поттикнувајќи ја транспарентноста на јавните институции преку креативни методи.
  • „Луѓе во фокус“ – Проектот „Мониторинг и препораки за подобрување на административните услуги на граѓаните во Основниот суд при Административниот суд во Тирана“ има цел да го оцени квалитетот на административните судски услуги на овој суд и да развие препораки за негово подобрување.
  • „Граѓански центар“ (Qendresa qytetare) – Преку проектот „Отпор против корупцијата во високото образование“ ќе ги информира студентите за негативните последици на корупцијата врз економијата и општеството, а воедно и ќе ги обучи како да се борат против корупцијата.

Косово

  • НВО „Време“ (Koha) – Проектот „Информирани и активни граѓани преку Законот за слобода на информации“ има цел да бара поголема транспарентност и отчетност од општинските власти, да ги информира граѓаните за законите и за регулативите што се однесуваат на слободата на информации и на донесување одлуки, а воедно и да го подобри граѓанското учество во доменот на јавни политики преку транспарентност и отчетност.

Србија

  • „Граѓански парламент“ (Peoples Parliament – TBC) – Проектот „Невладини организации за поголема отчетност во локалните јавни финансии“ има цел да воведе нови стандарди за отчетност и политики во менаџирањето на локалните јавни финансии во Лесковац и во Врање.
  • Заштита на потрошувачите – Проектот „Зајакнување на владеење на правото преку заштита на потрошувачите“ има цел да го поттикне почитувањето на законот од институциите и од компаниите кои работат во Србија, како и да ја подигне свеста за нивните права, како и за правата на потрошувачите.
  • Центар за истражувачко новинарство Крушевац (ЦИНК) – Проектот „Кој е кој во локалната самоуправа во областа Расина?“ се состои од два сегмента – креирање и објавување база на податоци за 60 избрани вршители на јавна функција во локалната самоуправа во три општини (Крушевац, Варварин и Трстеник) преку медиумите и истражување на исполнување на изборните ветувања на вршителите на јавна функција и објавување извештај.

Босна и Херцеговина

  • Центар за граѓанска соработка – Проектот „Кон транспарентност на локалната власт: Подобрување на комуникацијата на локалната заедница“ има цел да ја подобри комуникацијата на локалните заедници со жителите, општинската власт и со медиумите во шест општини во Босна и Херцеговина.
  • „Проедука“ – Проектот „Вработувања во локалната администрација пред и по локалните избори во Република Српска“ има цел да го лоцира нивото на вработувања за време на изборната година и да го адресира проблемот за да се елиминира оваа пречка кон демократско општество.

 

Проектот ACTION SEE Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа е спроведуван од Фондација „Метаморфозис“ во партнерство со Westminster Foundation for Democracy од Велика Британија, CRTA Center for Research, Transparency and Accountability од Србија, Citizens Association Why not? од Босна и Херцеговина, Center for Democratic Transition од Црна Гора, Open Data Kosovo (ODK) од Косово, и Levizja Mjaft! од Албанија, со финансиска поддршка од Европската Унија. 

Целта на проектот е зголемување на вклученоста на граѓанското општество и на медиумските организации во креирањето на јавното мислење, креирањето политики и учество во механизмите за донесување одлуки, како и зголемување на капацитетите на граѓанското општество да адресира чувствителни прашања.