Анализа на достигнувањата од Договорот од Пржино

 

На денешниот брифинг за новинари, одржан во 11 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, беше презентирана анализата „Долгиот пат до Пржино: Прво реформи потоа избори!“, подготовена од Македонскиот центар за европско образование, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, НВО Инфоцентарот, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Транспарентност Македонија, Фондацијата Метаморфозис и Институтот за човекови права.

Меѓународните посредници, пред сè амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес Бејли, направија обид за утврдување процес кој треба да ја разреши дилемата дали се исполнети обврските за одржување на изборите, со тоа што на 28 јануари 2016 година упатија писмо до премиерот Емил Димитриев и до лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија. Во писмото се обврзаа дека до 20 февруари 2016 година ќе изготват прецизна проценка на спроведувањето на реформите поврзани со изборите, а кои се дел од Договорот од Пржино и од Итните реформски приоритети, структурирани во три точки.

dogovorot-od-przino

Во пресрет на објавувањето на проценката на Делегацијата на Европската унија и Амбасадата на САД на 20 февруари 2016 година, седумте граѓански организации кои вршат редовни и вонредни мониторинг-анализи на повеќе теми од Договорот од Пржино одлучија да направат куса анализа на достигнувањата и проблемите во трите области опфатени со писмото.

Анализата нуди заклучоци и препораки со кои ќе одговориме на суштинското прашање: Што е тоа што сѐ уште треба да се направи за во Македонија да има услови за фер, слободни и демократски избори? Овие седум организации постојано го застапуваа ставот дека одговарањето на ова прашање е многу поважно од техничкото прашање на кој датум ќе се одржат изборите.

Преземета ја целата анализа подолу.

Сподели: