Мени

Дознајте како брзо и лесно да ги добиете производите Get Genuine преку платформата TechSoup Balkans

Почитувани корисници на платформата TechSoup Balkans, сакаме да ве известиме дека Microsoft го олесни процесот на аплицирање за нарачка на производите Get Genuine преку едноставниот пакет Windows Pro Full Operating System – Get Genuine.

Доколку сакате на вашите нови компјутери да го инсталирате оперативниот систем или да го лиценцирате постоечкиот Windows, сè што е потребно да направите е да креирате нарачка на techsoupbalkans.org и преку пристапот на VLSC (Microsoft Volume Licensing Service Center) да ги добиете сите потребни клучеви за лиценцирање.

Уште еднаш, сакаме да напоменеме дека лиценците Get Genuine може да ги добиете само еднаш во двегодишниот циклус, додека лиценците секако остануваат трајно ваши.

Исто така, кога креирате нарачки, секогаш креирајте посебна нарачка за производите Get Genuine и една посебна нарачка за сите други софтверски решенија.

Доколку имате прашања, контактирајте со нас на info@techsoupbalkans.org, нашиот тим со задоволство ќе ви одговори.