Мени

Шифрирањето на електронската комуникација – основа за безбедноста на интернет

Иако заштитата на вашата приватност, но и безбедноста на вашата професионална работа на интернет, не може да биде сто процентна, постојат бесплатни алатки што може да ги користите и чекори што може да ги преземете.  Како на пример користење на TOR интернет пребарувачот, или Orbot за мобилни телефони, PGP енкрипција за електронска пошта, но и користење на Pidgn и Jitsi за екнтриптиран онлајн чат.

DON_6209

 

DON_6217

Ова се само дел од алатките што првите дваесетмина што се пријавија, можеа да ги запознаат на обуката на тема „Како да ја заштите вашата приватност на интернет“, која Фондацијата Метаморфозис ја организираше во соработка со активисти кои работат во полето на онлајн приватноста и сигурноста. Обуката се одржа на 24 јуни во ГЕМ клубот од 10 часот наутро до 17 часот попладне.

Исто така, учесниците можеа да се запознаат со начинот на кој безбедно се управува со лозинки, но и како правилно се користи антивирус софтверот за заштита од разни видови malicious software.

DON_6207

Сите присутни можеа да дознаат кои се главните закани за безбедноста на интернет, како можат да спречат да им биде пробиен профилот или електронската пошта, како да ја скријат локацијата на компјутерот и слично.

Во време кога најголемиот дел од комуникацијата се одвива дигитално, што вклучува оставање на голем број податоци на глобалната мрежа кои можат да бидат цел на напад, неопходно е што повеќе луѓе да ги запознаат ризиците и алатките за заштита и безбедност на интернет.

DON_6218

Бидејќи праксата покажа оти мета на пресретнување на електронските комуникации можат да бидат сите граѓани на Македонија, вклучувајќи ги и граѓанските организации, ваквата обука одговара на потребата да се намалат ризиците од такво нешто.

DON_6237

Како особено битна, за време на обуката, беше промовирана и македонската верзија на Security in a box водичот за дигитална безбедност за активисти и бранители на човековите права низ светот. Овој водич објаснува кои се и како се користат најбитните алатки за безбедност на интернет.

Повеќе фотографии од обуката на тема „Како да ја заштитите вашата приватност на интернет?“ може да најдете на овој линк.