Мени

Фондацијата Метаморфозис го организира денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор „Tech4Good“

header

Фондацијата Метаморфозис,  заедно со локалната канцеларија на Microsoft Македонија, го организира денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“.

Настанот ќе се одржи на 21 јуни, во просториите на Конгресниот центар на Скопски саем, сала Бизнис со почеток од 10:00 часот.

Настанот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

На овој настан ќе бидат презентирани Совети и конкретни примери на фукционалностите на Office 2016 за продуктивност, тимска работа, креативност и многу повеќе. Исто така ќе биде презентирана новата понуда од Мајкрософт за невладините организации: Платформа за податоци и Power BI, како и многу други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.

Бројот на учесници е ограничен, за учество ве молиме пополнете го следниот онлајн-формулар, најдоцна до 20 јуни до 18:00 часот.

Селекцијата на пријавените учесници ќе биде извршена според редоследот на пријавување.

За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Хаштаг за настанот е: #Tech4Good

Доколку имате дополнителни прашања, слободно можете да ни се обратите на следната е-мејл адреса: adrijana@metamorphosis.org.mk, лице за контакт Адријана Селмани.

Во продолжение следи агенда на настанот:

Агенда

agenda web