Фондацијата Метаморфозис, во соработка со локалните канцеларии на „Мајкрософт“ во Косово, Албанија и Македонија, ги организираше конференциите „Tech4Good“ во Приштина, Тирана и Скопје. Повеќе од 200 претставници на граѓанските организации зедоа учество на овие конференции.

Фокусот на овие конференции беше поставен на помагањето на граѓанскиот сектор во процесот на дигиталната трансформација, за непрофитните организации да можат да го достигнат нивниот максимален потенцијал преку донациите понудени од страна на „Мајкрософт“ преку платформата „Тексуп Балканс“.

1 tech4good3-768x512

Албанија

Настанот кој се одржа во Тирана, Албанија, на 7 март годинава, беше отворен од страна на генералниот менаџер на „Мајкрософт Албанија“ г-дин Сокол Влади, и извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, г-дин Бардил Јашари.

При отворањето, тие истакнаа дека невладините организации не треба да гледаат на технологијата како пречка, бидејќи тие можат да ја добијат како донација преку „Тексуп Балканс“. Со користењето на технологијата, невладините организации можат да имаат придобивки од донираниот софтвер и „cloud“ решенијата за да го зголемат нивниот удел и потенцијал, и да ја исполнат нивната мисија полесно и за помал трошок.

„Оваа конференција има за цел на непрофитните организации во Албанија да им ги презентира можностите кои што им ги нуди Microsoft преку софтверските пакети за да ги исполнат успешно нивната мисија и цели. „Тексуп“ претставува мрежа на невладини организации каде што разни донатори, како што е „Мајкрософт“, им помагаат на овие субјекти со софтверски донации. Истовремено, тоа придонесува во борбата против пиратеријата, која што е доста распространета во земји како Албанија” – изјави извршниот директор на Фондацијата Метаморфозис, Бардил Јашари.

2 tech4good4-768x512

„Ние како „Мајкрософт“ веруваме дека со користењето на технологијата и непрофитните организации можат да постигнат повеќе во светот каде што инклузијата и пристапот до интернет се многу важни“ – рече генералниот директор на „Мајкрософт“ во Албанија, Сокол Влади.

3 tech4good-768x511

За време на оваа конференција, присутните имаа можност да слушнат и за најдобрите практики на две организации од цивилниот сектор – „ Ofiçina“ и „ Abraham Lincoln Foundation“ – кои што ги искористиле софтверските донации и „клауд“ услугите преку програмата за донации „Тексуп Балканс“ и ја олесниле нивната работа со користење на овие донации. Исто така, беа споделени и предизвиците со кои што се соочуваат непрофитните организации во Албанија, и истите наведоа дека технологијата навистина им помогнала да ги надминат финансиските тешкотии и да ги намалат трошоците на организациите користејќи ги овие донации.

Косово

Сто и десет претставници од граѓанското општество присуствуваа на конференцијата во Приштина која се одржа на 22 март. Кујтим Гаши, генерален директор на Агенцијата за информатичко општество на Косово и Агон Барути менаџер за развој на бизнис при „Мајкрософт“ во Косово истакнаа дека во ера на „клауд“ технологија, граѓанскиот организации мора да ги отворат вратите и да почнат да ги користат овие донации доколку сакаат да го подобрат нивниот општествен удел за низок или без никаков трошок.

„Ние во Агенцијата за информатичко општество веруваме дека непрофитните организации можат да постигнат повеќе со користењето на технологијата во свет каде инклузијата и интернетот се многу важни. Конференцијата има цел да ги запознае непрофитните организации во Косово со можностите кои ги нуди „Мајкрософт“ преку софтверските пакети за да можат успешно да ја исполнат својата мисија и да ги постигнат своите цели“, изјави Кујтим Гаши, генерален директор на Агенцијата за информатичко општество на Косово.

4 32972209540_b847c15f54_z

„„Тексуп“ е мрежа на невладини организации каде различни донатори како „Microsoft“ помагаат со софтверски донации. Ние во Фондацијата „Метаморфозис“ им помагаме на граѓанските организации да го достигнат нивниот максимален потенцијал и да ја исполнат нивната мисија на поефикасен начин и со помалку трошоци со тоа што организираме бесплатни консултации и нудиме софтверски донации преку програмата „Тексуп Балканс““, рече Адријана Селмани, проектен координатор за софтверски донации преку „Тексуп Балканс “.

За време на конференцијата, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за најдобрите практики на две граѓански организации, „Open Data Kosovo“ и „Community Development Fund“, кои ги користат софтверските донации и „клауд“ услугите преку програмата за донации на „TechSoup Balkans“ за олеснување на нивната работа. Понатаму, непрофитните организации од Косово ги споделија предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа, и го нагласија фактот дека производите добиени преку донации им помогнале многу за да ги надминат финансиските тешкотии и да ги намалат трошоците.

Македонија

На конференцијата која се одржа на 16 мај во Скопје присуствуваа 78 претставници на граѓански организации и се докажа дека технологијата може многу да помогне за да се подобри квалитетот на живот.

На отворањето на настанот, извршниот директор на Метаморфозис, Бардил Јашари, истакна дека технологијата и имплементацијата нови софтверски решенија треба да им помогнат на невладините организации поефикасно да ги организираат нивните мисии и активности.

5 33447688752_5c34e7ac05_z

Менаџерката за образовни програми на „Мајкрософт“ во Албанија, Косово и во Македонија, Влора Адеми, потенцираше дека ова е четврта ваква конференција што се организира во Македонија и има голем интерес од страна на невладините организации.

„Невладиниот сектор е главен поддржувач на голем број состојби во општеството и има своја мисија. Работата е предизвикувачка, а технологијата им овозможува полесно да ја реализираат нивната мисија“ додаде Адеми.

Сподели: