Мени

Фондацијата Метаморфозис и Microsoft помагаат на граѓанскиот сектор во дигиталната трансформација

На 22 март 2017 година во Приштина се одржа конференцијата „Tech4Good“ организирана од страна на Фондацијата „Метаморфозис“, во соработка со локалната канцеларија на „Microsoft“ во Косово, на која присуствуваа голем број граѓански организации.

Конференцијата посебно се фокусираше на помагањето на граѓанскиот сектор во процесот на дигиталната трансформација сѐ со цел непрофитните организации да можат да го постигнат нивниот максимален потенцијал преку донациите кои ги нуди „Microsoft“ преку платформата „TechSoup Balkans“.
33563773826_9bc3846df3_o „Ние во Агенцијата за информатичко општество веруваме дека непрофитните организации можат да постигнат повеќе со користењето на технологијата во свет каде инклузијата и интернетот се многу важни. Конференцијата има цел да ги запознае непрофитните организации во Косово со можностите кои ги нуди „Microsoft“ преку софтверските пакети за да можат успешно да ја исполнат својата мисија и да ги постигнат своите цели“, изјави Кујтим Гаши, генерален директор на Агенцијата за информатичко општество на Косово. 32761828414_1937a0133f_o

Донациите се достапни преку програмата „TechSoup Balkans“, спроведувана од Метаморфозис, која нуди широк асортиман на софтверски производи за непрофитни организации кои можат да се добијат бесплатно или со плаќање на симболична административна такса.

„„Microsoft“ ја прави оваа промена и помага во подобрувањето на животот, или подобро кажано, на живеењето во дигиталниот свет. Во таа насока, „Microsoft“ ја поддржува нивната работа во заедницата преку модерните технологии и им помага да станат поефикасни, поефективни и поиновативни кога станува збор за нивните важни активности“ – рече Агон Барути, менаџер за развој на бизнис при „Microsoft“ во Косово. 33447650712_04e941fbae_o

„„TechSoup е мрежа на невладини организации каде различни донатори како „Microsoft помагаат со софтверски донации. Ние во Фондацијата „Метаморфозис“ им помагаме на граѓанските организации да го достигнат нивниот максимален потенцијал и да ја исполнат нивната мисија на поефикасен начин и со помалку трошоци со тоа што организираме бесплатни консултации и нудиме софтверски донации преку програмата „TechSoup Balkans““, рече Адријана Селмани, проектен координатор за софтверски донации преку „TechSoup Balkans“.

Овие донации се достапни за непрофитни организации со статус здружение на граѓани. Претставниците на граѓанскиот сектор исто така можат да добијат Microsoft Office 365 и Microsoft Azure донации, кои нудат многу можности за организациите побрзо да ја исполнат својата мисија и кои можат да се добијат бесплатно, со плаќање такса или со добивање донација од 5000 USD за Microsoft Azure. 32790376103_228c2b4d6a_o

Со оваа платформа, организациите ќе ја зголемат својата продуктивност, ќе ги намалат трошоците и ќе го олеснат управувањето со ИТ ресурсите.

„Запознаеноста на организациите со производите кои ги нуди „Microsoft“ може многу да им ја олесни работата. Со овие донации, „Microsoft“, во соработка со „Метаморфозис“, помага на граѓанските организации во нивната дигитална трансформација“ – рече Влора Адеми, рече менаџерката на образовните програми при „Microsoft“ Македонија. IMG_2910

За време на конференцијата, учесниците имаа можност да слушнат повеќе за најдобрите практики на две граѓански организации, „Open Data Kosovo“ и „Community Development Fund“, кои ги користат софтверските донации и „cloud“ услугите преку програмата за донации на „TechSoup Balkans“ за олеснување на нивната работа. Понатаму, непрофитните организации од Косово ги споделија предизвиците со кои се соочуваат при нивната работа, и го нагласија фактот дека производите добиени преку донации им помогнале многу за да ги надминат финансиските тешкотии и да ги намалат трошоците.

Посетете ја оваа врска за да ја видите галеријата од настанот.

Исто така, можете да ги следите најновите случувања на социјалните медиуми преку хаштагот #Tech4Good.