Фондацијата Метаморфозис, заедно со локалната канцеларија на „Microsoft” – Mакедонија, го организираат денот на Microsoft посветен на граѓанскиот сектор – „Со технологија до успех“.

Настанот ќе се одржи на 28 јуни, во просториите на Orion Conference Center (сала Oрион), Приштина, со почеток во 10:00 часот.

Настанот ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на Microsoft за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Косово и на Балканот ја спроведува Метаморфозис, преку платформата Теchsoup Balkans.

На овој настан ќе бидат презентирани Совети и конкретни примери на фукционалностите на Office 2016 за продуктивност, тимска работа, креативност и многу повеќе. Исто така ќе биде презентирана новата понуда од Мајкрософт за невладините организации: Платформа за податоци и Power BI, како и многу други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.

Бројот на учесници е ограничен, за учество ве молиме пополнете го следниот онлајн-формулар, најдоцна до 27 јуни до 18:00 часот.

Селекцијата на пријавените учесници ќе биде извршена според редоследот на пријавување.

За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

Хаштаг за настанот е: #Tech4Good

Доколку имате дополнителни прашања, слободно можете да ни се обратите на следната е-мејл адреса: adrijana@metamorphosis.org.mk, лице за контакт Адријана Селмани.

Во продолжение следи агенда на настанот:

Агенда

agjenda mk ne ks

 

 

Сподели: