Тимот на „Метаморфозис“ упатува последен поздрав до Игор Исаковски, нашиот поранешен колега, еден од пионерите на електронското издаваштво во Македонија.

igor-isakovski-2Игор Исаковски беше дел од групата ентузијасти кои во 1998 година ја започнаа иницијативата за формирање на Центарот за електронско издаваштво „Метаморфозис“, кој во 2004 година прерасна во денешната Фондација „Метаморфозис“.

Игор даде исклучителен придонес во развојот на информатичкото општество во Македонија, особено преку Културната институција „Блесок“ и континуираното објавување на првото европско интернет списание за култура и уметност „Блесок – литература и други уметности“. Како поет, издавач, уредник, медиумски работник и промотор тој успеа да го премости јазот кој ја делеше современата македонска литература од дигиталниот свет, а преку преводи и други видови соработка да ја одржуваше жива и поврзаноста со современата светска поезија и проза. Неговото дело беше проткаено со поврзаноста со блузот, во уште една синтеза – на зборовите и музиката – од која тој знаеше да го извлече и пренесе најдоброто.

Сподели: