Место: Универзитет на Југоисточна Европа, училница 101

Датум: 23 мај 2018

Време: 13:00

Во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, тимот на ДОКУ.ТЕК ќе одржи информативна сесија во Тетово на 23 мај 2018 на која ќе дознаете повеќе за ДОКУ.ТЕК и за возбудливите можности кои ги нуди.

ДОКУ.ТЕК е годишна конференција и еден од водечките настани за технологија на Балканот посветен на споделување идеи, поттикнување дискусии, интерактивни работилници, сесии „направи сам“, денови исполнети со забава и музички вечери. На претходните четири изданија на ДОКУ.ТЕК учествуваа повеќе од 5,000 учесници од Балканот, Европа и Соединетите Американски Држави.

Овогодинешното издание на ДОКУ.ТЕК е закажано за 9 и 10 јуни во Приштина, под мотото „она што е лудост за еден човек, за друг е реалност“.

Иницијативата е финансиски поддржана од „Вестерн балкан фанд“ која има за цел воспоставување соработка низ Балканот со тоа што на ДОКУ.ТЕК ќе ги собере младите иноватори и ентузијасти за технологија. Целта преку оваа иницијатива е да се промовира и доближи неформалното образование до најмалку 45 учесници од Албанија, Србија и Македонија. Овој настан е одлична можност за учесниците да се запознаат со најновите случувања од областа на технологијата, да се поврзат со врвни иноватори од областа на технологијата и да имаат практични и информативни работилници како и мастер-часови. Сите трошоци за патување, сместување и храна на одбраните учесници ќе бидат покриени.

Погледнете го видеото од минатогодишните активности.

Сподели: