Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во соработка со Метаморфозис, а со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, го реализираше проектот ИПАДАТА и го претстави на завршната конференција на 18.12.2013 година во ЕУ Инфо Центарот – Скопје.

ИПАДАТА претставува електронска база на податоци што ги содржи сите ИПА проекти кои и се доделени на Република Македонија (национална програма) во периодот од 2007 до 2013 година. При внесот на проектите во базата на податоци се идентификуваа неколку параметри: година на ИПА, компонента, тип на склучен договор, тип на корисник и спроведувач на проектот, како и област од законодавството на ЕУ за која е наменет проектот.

Ова претставува прв обид да се централизираат сите податоци на едно место во воедначен формат со цел генерирање извештаи кои ќе дадат вистинска слика за степенот на искористеност на ИПА фондовите во РМ.

Сподели: