judiciary2

Политичка волја за реформи во правосудството и цврсто опстојување на имплементацијата на законските реформи, со што ќе се демонстрира дека политичката елита цврсто стои зад принципот на поделба на власта во земјата.

Ова е најважната препорака-заклучок до кој дојде во истражувањето Фондацијата Метаморфозис во рамките на регионален проект за оцена на исполнувањето на политичките критериуми за пристапување на земјите од Западен Балкан кон Европската унија.

Главниот заклучок произлегува од општо констатираниот факт на експертите дека и најдобриот закон може да остане неимплементиран од страна на носителите на политичката или од други центри на моќ.

Покрај политичка волја, препораките произлезени од истражувањето опфаќаат обезбедување цврсти законски инструменти и нивна имплементација со кои ќе се спречи политичката корупција во Јавното обвинителство; силни законски инструменти и политичка волја за нивна имплементација за да се спречи политичката корупција; промена на законската рамка за темелна проверка на вистинитоста на анкетните листови на судиите и обвинителите и нејзино доследно спроведување; задржување на концептот за именување судија или обвинител само преку Академијата за судии и јавни обвинители; професионализација на судиите и јавните обвинители преку континуиран систем на обуки и образование; унапредување на Информациско-комуникациските технологии во правосудството во РМ, обединување на информацискиот систем на судството со обвинителството и централните регистри и други дигитални бази на податоци, унапредување на функционалноста на е-судството, што подразбира и поголеми вложувања на државата и во судството и во обвинителството, зголемена транспарентност при објавувањето и достапноста на судските одлуки и на записниците од рочиштата.

Целосното истражување можете да го погледнете на следниот линк.

Истражувањето е второ од петте што се планирани во рамките на регионалниот проект „Западен Балкан и процесот на пристапување во ЕУ: Примена на политичките критериуми“, што го води Центарот за демократска транзиција од Подгорица, Црна Гора. Следните истражувања ќе се однесуваат на реформите во борбата против оргнизираниот криминл и корупцијата, на реформата во медиумскиот сектор и на реформата во јавната администрација.

Проектот е подржан од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, и од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД.

Сподели: