Мени

Изборните податоци како предизвик – тема на последниот Open Data Meetup

DON_0854
Фондацијата Метаморфозис на 25 декември одржа Open Data Meetup заедно со учесниците на Обуката за новинарство базирано на податоци, како и учесниците на We Can Code, настан кој се одржа за време на Европската недела на кодирање. Целта на собирот беше новинарите и компјутерските инжинери од Македонија да разговараат за можностите за соработка, особено кога се во прашање изборните податоци.
DON_0853Неформалната средба се одржа во просториите на Јавна соба во Скопје од 18 до 20 часот. Во првиот час беа презентирани основите на отворените податоци и Data pipeline-от, за потоа учесниците да бидат поделени во три групи кои работеа на свои идеи за проекти поврзани со изборни податоци.
DON_0858Овие проектни идеи понатаму ќе бидат развивани, а најдобрата од нив ќе биде поддржана и реализирана со помош на Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот Мрежа на граѓански организации за отворени податоци.
DON_0888Проектот го спроведува Фондацијата Метаморфозис во соработка со Open Knowledge Foundation, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.