wiki.mk-mkОваа потреба дојде оттаму што во повеќе општини во Македонија, единствен извор за информации се веб-сајтовите на локалната самоуправа, кои ретко се ажурираат. Освен тоа, недостигаат веб-простори за заедничка комуникација.

Поаѓајќи од успехот на слободната енциклопедија Википедија, како и некои локални вики-портали (на пр. Wikimanche), Фондацијата Метаморфозис сака да ја промовира вики-технологијата како евтино и ефикасно решение за овие проблеми и поради тоа го создаде Wiki.mk, кој опфаќа поставување повеќе вики-портали непосредно достапни на локалните заедници.

Прирачникот им е наменет на учесниците на обуките за wiki.mk кои се реализираа во април оваа година, но и на сите идни волонтери кои сакаат да придонесуваат за својот град. Освен електронски, тој ќе биде достапен и во печатена варијанта, и тоа на македонски и на албански јазик.

Овој проект се реализира во соработка со Викимедија Македонија, која е задолжена за техничката реализација и за теренските подготовки, како и со повеќе други невладини организации на локално ниво.

Сподели: