Прирачник за [[вики]]

Проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија има за цел да го надополни недостигот од информации од локално значење – во повеќе општини во Македонија, на пример, единствен извор за информации се веб-сајтовите на локалната самоуправа, кои ретко се ажурираат.

Освен тоа, недостигаат веб-простори за заедничка комуникација. Поаѓајќи од успехот на слободната енциклопедија Википедија, како и некои локални вики-портали (на пр. Wikimanche), Фондацијата Метаморфозис сака да ја промовира вики-технологијата како евтино и ефикасно решение за овие проблеми и поради тоа го создаде Wiki.mk, кој опфаќа поставување повеќе вики-портали непосредно достапни на локалните заедници.

Овој проект се реализира во соработка со Викимедија Македонија, која е задолжена за техничката реализација и за теренските подготовки, како и со повеќе други невладини организации на локално ниво.