Мени

Изразување интерес – Маркетинг менаџер

Фондацијата „Метаморфозис“ објавува повик со барање за изразување интерес за маркетинг менаџер.

Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • ВСС во областа на маркетинг или слично, и три години релевантно работно искуство
  • Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и на англиски јазик
  • Возачка дозвола
  • Предност: способност за деловна комуникација и на албански јазик 

Посебни услови за работното место маркетинг менаџер:

  • Професионално искуство со брендирање компанија, организација или производи
  • Професионално искуство со дизајнирање и имплементирање маркетинг програми за поддршка на продукти и услуги
  • Искуство со организирање и држење обуки и менторирање, како и со работа со локалните заедници
  • Добро познавање на алатките за користење на социјалните медиуми
  • Професионално искуство со подготовка на активности за таргетирани медиуми
  • Предност: аналитички способности 

Потребна документација

  • Писмо за мотивација
  • Работна биографија (CV)
  • Контакти од три претходни работодавци/професори за препораки

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 28 јануари 2019 г. во 16:00 часот. Пријавите треба да се испратат исклучиво по е-пошта на адресата info@metamorphosis.org.mk.