И покрај масовниот развој на новите медиуми, резултатите од истражувањето покажуваат дека телевизијата и понатаму го зазема приматот на масовно средство за информирање кај дури 91% од популацијата. Потоа следуват печатените изданија на дневните весници за 39%, а веднаш по нив со 35% – интернет изданијата на дневните весници.

Бројот на корисници на Интернет се зголемува па така, 53% од вкупната целна популација во Македонија од 10-65 години користи Интернет. Во основното и средното образование 82% од учениците имаат можност за користење на компјутер во училиште.

Интересен е фактот што 41% од корисниците на Интернет не се загрижени за безбедноста на нивните лични податоци, додека нешто е помал процентот на оние кои се загрижени – 37%. Но, во случај на злоупотреба на нивните лични податоци на Интернет 80% од корисниците не знаат кому би се обратиле. За ова прашање 8% би се обратиле на дирекцијата за заштита на лични податоци, 5% на МВР, а 4% на агенцијата за електронски комуникации.

За проектот Компјутер за секое дете имаат слушнато 80% од вкупната популација во Македонија кои во најголем дел се информирале од медиумите, но 53% од популацијата која барем делумно е запознаена со проектот, не знае кои сė институции и организации се вклучени во реализацијата на овој проект. Наскоро ќе биде објавена и деталната анализа  на податоците околу проектот Компјутер за секое дете.

За да ги видите останатите податоци и целосниот Извештај за употребата на компјутерите во образовниот систем на Република Македонија кликнете овде.

Сподели: