Фондацијата Метаморфозис е партнерска организација на програмата за софтверски донации Techsoup Balkans, надлежна за следните држави:

  • Македонија
  • Косово
  • Албанија

logo

Програмата за донации Techsoup Balkans нуди широк опсег софтверски производи за непрофитни организации кои можете да ги добиете бесплатно и плаќајќи само административна такса.

  1. За набавка на софтверски решенија преку оваа платформа како и за да добивате донации, најпрвин мора да се регистрирате преку следнава врска: https://www.techsoupbalkans.org/mk/user/register.

Оваа донација е достапна за сите непрофитни организации со статус Здружение на граѓани или фондација запишани во Регистарот на здруженија и сојузи.

2. Откако ќе ја завршите регистрацијата (која е индивидуална), Ве молиме пополнете ја и регистрацијата за Вашата непрофитна организација или јавна библиотека преку следнава врска: https://www.techsoupbalkans.org/mk/civicrm/profile/create?reset=1.

Насоки за пополнување на полињата при регистрација на платформата TechSoup Balkans:

  • Во делот Тип организација одберете земја, додека паѓачкото мени тип на организација ќе се пополни автоматски.
  • На прашањето Тип на активност со кликање на + иконата на некоја од активностите, ќе можете да видите која активност ви соодветствува најмногу и да ја одберете истата.
  • Во делот Регистрација на организација внесете ги податоците за вашата организација, вклучувајќи ја и информацијата за висината на годишниот буџет.
  • На прашањето Регистрирани идентификатори на организацијата во полето Извор број A внесете го матичниот број на Вашата организација. Извор број B полето не е задолжително да се пополни, додека во полето ДДВ број внесете го даночниот број на организацијата.
  • Насоките за прифатливост потврдуваат дека вашата организација не исклучува и не дискриминира.
  • Во делот Дополнителни информации за организацијата ве молиме внесете ги следниве информации: Како дознавте за Techsoup Balkans, внесете ја мисијата на вашата организација, Број на компјутери за персоналот, во делот на документи внесете ги следниве документи:
  • aкт за основање/регистрација
  • статут на здружението на граѓани или фондацијата
  • програмата за дејствување
  • имињата на лицата овластени за застапување на здружението на граѓани или фондацијата

Доколку во моментот на регистрација на организацијата не ги поседувате документите, можете да ги пратите откако ќе ја завршите регистрацијата на следниот мејл: donacii@metamorphosis.org.mk или support@techsoupbalkans.org.

Напомена: Сите полиња обележани со ѕвездичка се задолжителни за пополнување. При пополнувањето на регистрацијата на платформата Techsoup Balkans Ве молиме користете само англиска (латинична) поддршка на тастатурата.

Доколку имате прашања за регистрацијата на платформата и добивање на софтверската донација или ви е потребна консултација во врска со селекција на соодветен пакет, ве покануваме да се обратите до нашиот тим на следната е-мејл адреса: donacii@metamorphosis.org.mk.

Ви стоиме на располагање за да ги разгледаме сите Ваши барања и да одговориме на истите навремено.

Сподели: