Мени

Учество на кампот за поддршка на заедницата во Сараево

Кампот Community boost_r се одржа во Центарот за интередисциплинарни студии, при Универзитетот во Сараево, во периодот од 7 до 9 ноември, 2013 година. На настанот присуствуваа повеќе од 100 учесници од балканските земји.  Главните теми кои ги обработување настанот беа: како да се користат (отворени) податоци за транспарентност, стратегии за мониторинг на корупција, отворени (владини) податоци и како да се користат информациско-комуникациски технологии за застапување.

Фондацијата Метаморфозис на Community boost_r кампот учествуваше со двајца претставници. Бардил Јашари држеше работилница за креирање на партнерства со државните и јавните институции за поттикнување на транспарентност и отчетност, а Елена Игнатова учествуваше во последниот панел на конференцијата, чија цел беше да се даде осврт на состојбата со отворените податоци.

bardhyl-comunity-boostr-workshop

Кампот беше организиран од Фондацијата TechSoup (TechSoup Европа) и Zasto ne (Босна и Херцеговина) во партнерство со Dokukino (Србија), Фондација Ipko (Косово), а со поддршка од Фондацијата Charles Stewart Mott, НЕД (National Endowment for Democracy) и Американската амбасада во Сараево.