Мени

Ќе се отвори нов дигитален клуб во село Камењане

        На 17 март 2005г., во село Камењане, Тетовско, ќе започне со работа нов дигитален клуб. Клубот се отвора во рамките на проектот „Дигитални клубови“ кој е организиран и поддржан од Фондацијата Институт отворено општество- Македонија и Фондацијата Метаморфозис, а чија цел е надминување на дигиталниот јаз преку отворање на вакви клубови во средини каде не постојат интернет клубови или слични места во кои населението би имало контакт со компјутерската технологија.

        Подносител на проектот е „МБ-Коммерц 2“ од с. Камењане. 

        Клубот ќе го опслужува населението од целата општина во која живеат околу 6.000 жители, а се наоѓа во близина на училиштето.

        Во рамките на клубот ќе се одржуваат компјутерски курсеви, ќе се користат интернет услуги, ќе може да се играат компјутерски игри, а ќе можат да се печатат и скенираат материјали и документи.