Фондацијата Метаморфозис ги повикува граѓаните на Република Македонија да го искажат своето мислење за електронските услуги од областа на е-управување (е-влада, е-владеење) кои им се потребни.

Добредојдени се мислења и ставови, барања, како и досегашни искуства од користењето е-владини услуги, кои во збирна форма ќе бидат претставени пред носителите на одлуки од сите сектори со цел поттикнување развој на областа.

Ве покануваме да се искажете преку коментари тука, нашата страница на Фејсбук, преку Пинг.мк http://r.ping.mk/r/икт/comments/51uu или по е-пошта на info ет metamorphosis точка org точка mk.

Сподели: