Мени

Конференција за презентација на истражување во рамки на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“

На 17 јуни, со почеток во 11:00 часот, во ЕУ Инфо Центарот, ќе се одржи конференција на Фондацијата Метаморфозис чија цел е презентација на финалните наоди од истражувањето на гов.мк веб-локациите во рамките на проектот „Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност, отчетност и е-учество“. 

Целта на истражувањето е утврдување на квалитетот на е-услугите и алатките за комуникација со граѓаните кои ги нудат gov.mk веб-локациите и истакнување на позитивни примери со цел поттикнување зголемено користење на овие е-услуги.

Истражувањето го опфати тековното ниво на употреба на владините веб-локации на општинско и државно ниво (gov.mk) во областите на транспарентност, отчетност и е-учество при донесување на одлуки, а овозможи согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за поголемо искористување на целосниот потенцијал на новите технологии во овие области.

Истражувањето е дел од меѓународната соработка потпомогната од Словачко-Балканскиот фонд за јавни политики, спроведуван од Балканската мрежа за развој на граѓанско општество и Фондацијата Понтис од Словачка.

Ве покануваме да го потврдите вашето присуство на настанот, најдоцна до 16 јуни, 12 часот, на имејл: tamara@metamorphosis.org.mk, или телефонски на 3109 325, лице за контакт: Тамара Ресавска.

Целосната агенда за настанот е достапна за преземање.