Гем Клуб, Скопје, 17.12.2015

Целта на оваа средба со новинарите беше да им се претстави и облазложи проектот кој го спроведува Фондацијата Метамрофозис, а кој се занимава со радиодифузната сфера во која самата новинарска фела е дел од неа. На новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство им беа претставени целите и активностите на самиот проект како и дилемите, состојбите, проблемите и предизвиците кои го следеа целиот процес на дигитализацијата во радиодифузијата.

Меѓудругото целта на самата средба беше да се поттикнат новинарите да истражуваат и во медиумите во кои работат, да објават истражувачки стории на теми кои се однесуваат на дигитализацијата во Македонија, а со нивното објавување да се доближат и до пошироката јавност/публика како краен корисник од процесот на дигитализација. Дополнително, сознанијата од овие истражувачки стории се очекува да предизвикаат натамошни дискусии и акции во насока на подобрување на моменталните состојби во оваа област.

Новинарските истражувачки стории може да се прочитаат тука

Сподели: