oer-koordinativna-sredbaКоординаторите на проектот ги информираа учесниците за плановите за промотивните активности со цел да се подигне свест кај учениците, студентите, изведувачите на наставниот процес и научно-истражувачките работници за потенцијалите на отвореното образование во целина. Покрај промотивните активности во план се низа работилници на кои ќе бидат презентирани начините за користење на дигиталните технилогии и интернетот во образовниот процес. Во текот на ноември 2012 се планира одржување на Меѓународна конференција за ООР, на која учесниците од земјата и од странство ќе можат да разменат искуства за ООР.

Учесниците, кои се активни на овој план во различни научни и образовни сфери, ги споделија своите искуства во врска приоритетните аспекти на отворените ресурси во едукацијата, како и проблеми со кои тие се соочиле во текот на праксата. Исто така, учесниците дадоа препораки во кои сфери би требало да се интензивираат промотивните и практичните активности со цел зголемување на искористеноста, ефикасното координирање и интензивирање на креирањето и употребата на ООР.

Координаторите на ООР проектот истакнаа дека веб-сајтот на проектот, oor.mk, ќе биде особено разиван во делот „ресурси“, кој е планирано да биде еден вид прегледен каталог и лесен мост кон достапните образовни ресурси во Македонија.

Сподели: