Што е новинарство базирано на податоци, што се податоци, како да се пронајдат и како да се добијат во посакуваниот формат, како да се пречистат и да се анализираат и како да се визуелизираат резултатите.

Ова беше дел од агендата на Обуката за новинарство засновано на податоци која се одржа викендов, на 28 и 29 ноември во Coffice во Скопје, во организација на Фоднацијата Метаморфозис, Школата за податоци и Open Knowledge Foundation, а со поддршка од Британската амбасада во Скопје.

DON_0681

Повеќе од 15 учесници, поделени во повеќе групи според своите знаења, во текот на дводневната обука работеа на идеи за стории базирани на податоци поделени по области: корупција, избори и спорт.

Google Advances Search, PDF Tables, Web Scraper, Open Refine, Google Sheets, IFTTT, Infogr.am, Odyssey, Datawrapper, Silk, TimelineJS, се само дел од бесплатните алатки кои има беа претставени на учесниците.

Курсеви од овој карактер, како и препорачани алатки за обработка на податоци се достапни на веб-страницата на Школата за податоци – Македонија.

DON_0594

Обуката се одржуваше на англиски јазик, а тренер беше Марко Тулио Пирес, програмски менаџер на School of Data во рамките на Open Knowledge Foundation.

Албумот со фотографиите од обуката може да го погледнете на нашата Фејсбук страна и на Фликр.

DON_0677

Целта на проектот е преку формирање на Школа за податоци – Македонија да ги поттикне граѓанските организации, медиумите и индивидуите кои поттикнуваат промени, да ги разберат и користат официјалните владини и другите отворени податоци со цел зголемување на одговорноста на владата, подобрување на испораката и услугите и зголемување на граѓанското учество во креирањето на политиките.

Сподели: