Мени

Критинк: Проектот Со критичко мислење до медиумски умешни граѓани спроведе серија вебинари за градење капацитет на граѓански организации

Во текот на февруари проектот Со критичко мислење до граѓани  со медиумска умешност – Критинк спроведе серија од три вебинари. Додека темите на вебинарите беа избрани според приоритетите искажани од субгрантистите од Програмата за мали грантови на проектот, тие беа отворени за јавноста како можност од нив да имаат полза и други граѓански организации и медиуми.

 

Вебинарите се интегрален дел од методологијата за градење капацитети на Критинк, која исто така се состои од финансиска поддршка преку мали грантови, обуки и менторирање преку семинари и консултации преку интернет. Серијата вебинари од февруари се надоврза на семинарот за обука за субгрантисти одржан во ноември и го покри следните теми:

Проектот КриТинк го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк со финансиска поддршка од Европската Унија, а тековниот прв циклус на програмата за мали грантови започна во септември 2018 година и ќе заврши до крајот на март 2019 г. Тој ги гради капацитетите на партнерства составвени од граѓански организации и медиуми кои работат во шест плански региони, одговарајќи на потребите за неформална едукација за медиумска писменост и подигање на свеста за борбата против медиумски манипулации во нивните заедници.

Тимот на КриТинк ќе продолжи да го користи овој интерактивен формат за работа на тековни прашања со цел градење култура на критичко мислење во контекст на промоција на медиумската писменост. Новата серија  ќе биде најавена на почетокот на март.

Без разлика на тоа што примарни учесници на вебинарите се граѓански активисти и медиумски работници кои се членови на партнерствата поддржани со програмата за мали грантови, тие ќе продолжат да функционираат како јавни настани – со отворена покана за вклучување на целата јавност. Покрај споделувања знаења и вештини со директните учесници од секој вебинар ќе произлезе и видео материјал кој ќе биде објавен на интернет да се овозможи едукација на пошироки публики.