Фондацијата Метаморфозис во соработка со здружението Интернет Македонија ја организираше обука за новинари на тема „Либерализација на телекомуникацискиот пазар и зголемување на интернет-пенетрацијата во Македонија“. Обуката се одржа на 23.12.2005г. во просториите на Фондацијата Метаморфозис во Скопје.

Со донесувањето на новиот Закон за електронски комуникации како и со формирањето на Агенцијата за електронски комуникации како независно регулаторно тело се создаде рамка за ефикасна либерализација на телекомуникацискиот пазар во Македонија. Целта на обуката беше на новинарите да им се појасни процесот на либерализација, да се посочат главните предизвици како и да се појасни улогата на клучните институции во овој процес.

Свои презентации имаа Жарко Ангеловски, менаџер за набавки, Паком компјутери, Владислав Бидиков, студент на Електротехничкиот факултет во Скопје, Александар Николов, претседател на Интернет Македонија, Димитар Буковалов, раководител на Сектор за комуникации, Министерство за транспорт и врски, Јован Петров, претставник на Работната група за НСРИО, Коста Трпковски, директор на Агенцијата за електронски комуникации, Славица Настеска, раководител на Сектор за телекомуникации, Агенцијата за електронски комуникации, Ристо Топалов, студент на Електротехничкиот факултет во Скопје и Филип Зафировски, студент на Електротехничкиот факултет во Скопје. Кликнете на линковите за да ги преземете презентациите (.zip, 1,8МБ) и агендата (.doc, 90КБ).

На обуката учествуваа 12 новинари од повеќе печатени медиуми во Македонија.

obuka.jpg 

Сподели: