Мени

Македонските партнери од проектот за децентрализирана соработка со Долна Нормандија посетија обука за wiki.mk

wiki06.03.12-2

Оваа обука ја посетија претставници од ИНФО СЕГА-Прилеп, како и од Здружението на агенциите за локална демократија (АЛДА), кои воедно се координатори на оваа соработка.

Обучувач беше претставник од Метаморфозис, а учесниците имаа можност да се запознаат со вики-софтверот и неговата употреба, како и да научат да уредуваат текст, да создаваат врски и да додаваат наводи, да уредуваат слики, мултимедија, табели, категории и страница за разговор.

Дополнително, на учесниците им беше овозможена техничка едукација која може да им помогне во подобра промоција и видливост на нивната работа на Интернет.